10 правила по кои еден татко ги воспитува своите две деца

Да се воспитува „мало човече“ не е едноставна работа. Бара учење на лекции од постарите, стекнување лично искуство и знаење...

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-01.jpg

Еве што научил дизајнерот Никита Иванов и какви правила применува при воспитувањето на неговите две деца:

1. Рестрикциите ја намалуваат слободата на децата, ама се прават заради грижа. Затоа, важно е да бидат јасно и едноставно формулирани. Детето би требало да има колку може поголема слобода да експериментира.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-1.jpg


2.
Казните треба однапред да се знаат, како и да биде познато дека се неизбежни.
Нејасната поврзаност помеѓу одредено дело и казна може сериозно да влијае на односот помеѓу детето и родителот.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-2.jpg


3.
Мајката и таткото треба да бидат на иста страна.
Ако мајката казнила, таткото не треба да ја поништи казната и обратно. Тоа го учи детето да не почитува.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-3.jpg


4.
Да се биде постаро дете е нова можност, ама не и одговорност.
Никогаш не треба да му велите на постарото дете дека сега затоа што е најстаро, треба да се однесува на одреден, нов и посебен начин. Тоа му го уништува детството, па и односот со помалите браќа и сестри.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca4.jpg


5.
Децата се огледало на сопствените родители.
Хистеричното дете е само одраз на нервозниот родител, па ако сакате да го смирите, тогаш треба прво лично себеси да се смирите.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-5.jpg


6.
Не треба да ги плашите децата.
Во основа, ако ги плашите децата со полицаецот, поштарот, кучето на соседот, така само ги ограничувате.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-6.jpg


7.
Не ги споредувајте децата.
Децата треба да знаат дека среќата доаѓа однатре, не однадвор споредувајќи се со тоа колку се поуспешни од другите врсници.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-7.jpg


8.
Дајте им можност за избори и научете ги нивните желби.
Неодлучните и несреќни возрасни луѓе созреваат од деца кои како мали не биле слушани од родителите. Како мали нив никој не ги прашувал што сакаат, што им треба...

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-8.jpg


9.
„Направи го ова“ - не функционира.
Бидете пример за детето, само наредбите никогаш не функционираат и многу често доведуваат до огорченост и одбивност.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-9.jpg


10.
Сакајте го детето.
Љубовта која била покажана е најголема гаранција дека ќе воспитате здраво, успешно и среќно дете кое и ќе порасне во таква единка.

10-pravila-po-koi-eden-tatko-gi-vospituva-svoite-dve-deca-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg