Бремената жена која дава сосема ново значење на стомачните танци (видео)
Гема Марин е 30-годишна шпанска актерка и танчарка која моментално живее во Лос Анџелес.
Таа танцува уште пред да знае да оди, па не е ни чудно што не се откажала од својата пасија и сега кога очекува своето прво дете (најверојатно на 23-ти април).
Гема е 33 недели бремена, а нејзиниот танц е повеќе од неверојатен. Можете воопшто да замислите како вежба стомачни танци, со стомак кој е поголем од остатокот од целото нејзино тело?
Нејзината агилност се должи на многу вежбање. До 5-иот месец успевала совршено да се движи, но подоцна стомакот само малку ја спречил во движењето, но никогаш не успеал да ја натера да се откаже од танцот.
„Понекогаш чувствувам болка во долниот дел од грбот, но бавно и нежно, можам лесно да танцувам салса и меренге“ - објаснува Марин.
Од нејзините видеа кои ги објавува на Инстаграм можете да ги видите нејзините танцови способности:
https://www.instagram.com/p/BPW9f5Sj-LH/
Н. Г. | Црнобело