Половина од татковците се преправаат дека спијат кога детето плаче навечер

Запрепастувачки 56% од татковците се преправаат дека спијат во мигот кога детето се буди во текот на ноќта и почнува да плаче. Изговорите најчесто варираат од типот како имаат многу работа или важен состанок утредента или се премногу уморни.

Polovina-od-tatkovcite-se-prepravaat-deka-spijat-koga-deteto-place-vo-tekot-na-nokjta-01.jpg

Многу брашни партнери се согласуваат дека ова е најчестата причина за кавга меѓу нив.

Истражувањето кое опфатило 2.000 испитаници го покажало процентот на татковци кои одбиваат да станат кога детето плаче, а дури 44% од нив одговориле дека очекуваат нивниот партнер да го стори тоа наместо нив.

Тие дури биле и премногу искрени кажувајќи дека го слушаат плачот на детето, но го држат очите цврсто затворени за да не би морале да станат од креветот.

Преправањето е со една единствена цел, да добијат квалитетен 8-часовен сон.

Тие ги наведуваат и останатите причини зошто мразат да стануваат во текот на ноќта, освен моментот на доење, односно кога детето бара да јаде, меѓу кои се вклучени и кошмарни соништа, излегувањето на запчиња, изгубена играчка или мокрење во креветчето.

Изговорите не завршуваат тука. 3 од 10 мажи го користат изговорот дека имаат премногу работа наредниот ден и мора да се наспани, а останатите 24% тврдат дека едноставно не е нивен ред за станување.

Само 14% одговориле дека стануваат кога детето плаче ноќно време и дека тоа е сосема нормална работа.

Дикусијата кој е на ред да стане и да го смири детето е една од најчестите причини кои прдизвкуваат караници помеѓу партнерите.

Важно е двајцата родители да ги делат одговорностите во ваквите ситуации. Сепак, истражувачите препорачуваат дека треба да бидете реални околу обврските кои ги имаат мажот и жената, па согласно тоа да воспоставите систем кој кога ќе станува кога детето ќе заплаче навечер, а воедно би бил функционирал.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg