Најдобрата приказна за дедото кој знае како да се справи со разбеснетото дете

Понекогаш се случува дури и омилената активност на детето, да предизвика изливи на бес, врескање и агресивност.

najdobrata-prikazna-za-dedoto-koj-znae-kako-da-se-spravi-so-razbesnetoto-dete-001.jpg

Ова може да ви се случи кога шетате, кога чекате ред во супермаркет, па дури и кога сте на некое забавно место како парк или игралиште.

Но, за среќа еден дедо ја знае тајната како да се справите со детските каприци.

najdobrata-prikazna-za-dedoto-koj-znae-kako-da-se-spravi-so-razbesnetoto-dete-3.jpg

Една жена сретнала дедо и прилично невоспитано дете додека шетала низ супермаркетот.

Очигледно било дека рацете на дедото биле полни слатки и чоколади, но детето продолжило да вреска по единствените колачиња кои не му ги купил. Без оглед на тоа што во корпата имало житарки, сокови, чоколади...

Во меѓувреме, стариот човек со контролиран глас велел „полека Алберт, нема да биде уште долго. Полека момче, смирено. Ќе излеземе од тука за неколку минути. Издржи.“

На касата, теророт на малечкото дете не престанувал. Како што дедото ги вадел работите до корпата, повторно се слушало само „Алберт, Алберт, опушти се. Не се вознемирувај. Ќе бидеме дома за 5 минути.“

Импресионирана од реакцијата, кога жената излегла надвор по дедото и внучето, му се обратила на стариот човек:

„Знаете господине, можеби не е моја работа, но бевте прилично позитивни во целата ситуација. Постојано бевте смирени. Не знам како успеавте. Без разлика на притисокот од детето, постојано му велевте дека сè ќе биде во ред. Алберт е среќен што ве има за дедо.“

„Ви благодарам госпоѓо,“ одговорил човекот, „но, јас сум Алберт. Малиот разбојник се вика Стив.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg