На која возраст е најдобро да станете мајка?

Воспитувањето на дете е бесценето и прекрасно патешествие кое носи среќа и радост, но и предизвици и грижи, без разлика на годините.

na-koja-vozrast-e-najdobro-da-stanete-majka-01.jpg

Па, дали постои нешто такво како „вистински момент“ да се стане мајка? Нови истражувања покажуваат дека бременоста над 35 години може да има корисни придобивки.

Зошто? Според истражувањето, жените кои стануваат мајки во 30-ите и 40-ите се чувствуваат побезбедни и поодлучни и поголема е шансата да се со стабилна врска и кариера.

Историски, бременоста над 35 години се сметала за ризична, но денес науката вели дека доцната бременост си има свои позитивни страни.

Истражувањето кое е направено од страна на Универзитетот од Јужна Калифорнија вели дека породувањето на 35 години ги подобрува менталните способности на мајката.

Од 830 испитанички кои веќе биле влезени во менопауза, оние кои родиле над 24 години имале подобри резултати на тестовите за меморија, решавање на проблеми и вербални способности од оние кои родиле меѓу 15 и 24 години.

Жените кои го имале своето последно бебе над 35 години имале подобра вербална меморија и когниција.

na-koja-vozrast-e-najdobro-da-stanete-majka-1.jpg

Зошто се ментално подобри?

Сè е поврзано со хормоните естроген и прогестерон кои за време на бременоста имаат позитивни ефекти на мозочните функции, посебно кога бременоста настанува во доцни години.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg