Научниците потврдија: Децата треба да спијат со мајките до 4 години

Мислењата за тоа дали децата треба да спијат со родителите се многу различни, подеднакво како што се различни и одговорите за возраста до која треба да се случува тоа.

naucnicite-potvrdija-decata-treba-da-spijat-so-majkite-do-4-godini-1.jpg

Сепак најновите истражувања на научниците покажуваат дека за децата е најдобро да спијат заедно со родителите до 4-годишна возраст.

„Доколку спијат одделно, мајката и детето потешко се поврзуваат, а тоа штети на развојот на мозокот и води кон проблематично однесување како што детето расте“, изјавува педијатарот Нилс Бергман од универзитетот во Кејптаун.

Следејќи 16 новороденчиња, Бергман открил дека оние кои биле ставени да спијат со мајките биле многу подобри од оние кои биле одвоени. Истражувањето покажало дека срцето на бебињата кои спиеле без мајките било изложено на трипати поголем стрес од срцето на бебињата кои спиеле со мајките.

„Промените во мозокот кои настануваат по ослободувањето на хормонот на стрес го отежнуваат создавањето на квалитетна поврзаност и водат кон различни проблеми во однесувањето“, објаснува д-р Бергман.

Некои истражувања го поврзуваат заедничкото спиење со ризикот од „смрт во колевка“, но докторот на тоа одговара:

„Кога бебето ќе се задуши или ќе настапи смрт во колевка, тоа не се должи на фактот дека мајката е или не е до него. Тоа настанува заради причини како: токсичен чад, цигари, алкохол, големи перници или опасни играчки.“

Британската организација „National Childbirth Trust“, исто така, го поддржува спиењето на децата со родителите, но само доколку тие се здрави и не користат дрога или алкохол и не се премногу уморни.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg