Училиште од иднината - Како учат децата во Финска? (фото)
Многу психолози и педагози се согласни во едно - промените во изгледот и концептот на училиштата може сериозно да ја намалат одбивноста на дечињата кон оваа установа.
Сите знаеме колку и самите сме мразеле од 7-годишна возраст да седиме во дрвени клупи, на дрвени столчиња, со часови, без посебен интерес. Сега, тоа се случува и од многу помала возраст.
За среќа, во Финска беше изградено првото училиште кое изгледа како да е од иднината и ни покажува како школувањето може да биде интересно.
Во Еспо, Финска, е отворено првото училиште кое се протега на 10.500 m2, во кои има кафетерија, соба за театар, библиотека, спортска сала и внимателно, тематски поделени простории соодветно возраста на дечињата.
Учењето се одвива во релаксирана атмосфера, децата може да бидат во било која позиција и да посакаат, а дискусиите помеѓу соучениците се поттикнуваат да бидат што почести. Молчењето тука е забрането.
Нема лаптопи, туку групни проекти. Нема мирно седење на столчињата, туку мрдање и преместување, кое е нормално и физички здраво.
Секој дел од училиштето е така осмислено што му дава на детето да се движи и правилно да се развива. Ентериерот е колоритен и удобен, а надворешноста исто така е добро опремена без оглед на временските услови.
М. Д. | Црнобело