30 начини како да го занимавате вашето дете кога сте зафатени

Често се случува да треба да завршите некоја важна обврска, но токму во тој момент вашето дете да почне да го бара вашето внимание.

30-ednostavni-nacini-kako-da-go-zanimavate-veseto-dete-koga-ste-zafateni-01

Во таков случај морате да му најдете некоја забавна активност која ќе го задржи неговото внимание додека вие завршите со вашите обврски.

Следните 30 идеи се само дел од активностите кои ќе го држат вашето дете зафатено додека вие ги извршувате вашите задачи:

1. Префрлање на вода од еден сад во друг со помош на лажица или сунѓер.

2. Сечење на слики од стари весници и нивно лепење на чиста хартија.

3. Цртање со сапун на парче стара ткаенина.

4. Цртање и боење на стари цедеа со фломастери.

5. Правење форми од пластелин.

6. Притискање копчиња на стар телефон.

7. Правење синџир од хартија.

8. Залепете креп трака на тепихот која ќе означува патека за тркање.

9. Цртање на отпечаток од рака и негово боење.

10. Градење кули од разни кутии.

11. Дајте му на детето магнет и најразлични предмети. Оставете го да научи кои од нив се привлечени од магнетот, а кои не.

12. Дајте му детето различни видови тестенини и натерајте го да ги групира според нивната форма.

30-ednostavni-nacini-kako-da-go-zanimavate-veseto-dete-koga-ste-zafateni-02

13. Вадење мали предмети од тегла полна со вода со помош на лажица.

14. Барање на гравчиња или топчиња грашок во сад полн со гриз.

15. Виткање долго парче конец во топка.

16. Ставање мали предмети во шише со тесно грло.

17. Правење ланче од макарони.

18. Цртање во песок, гриз или ориз.

30-ednostavni-nacini-kako-da-go-zanimavate-veseto-dete-koga-ste-zafateni-03

19. Дајте му на детето жици во различна боја и дозволете му да ги врзува и одврзува.

20. Претворете ги малите кутии или лушпите од орев во малечки бродови.

21. Градете кула од пластични чашки.

22. Соберете ги пластичните кутии од кујната и натерајте го да ги нареди една во друга од најмала до најголема.

23. Собирање мали предмети со пинцета и нивно групирање.

24. Дозволете му да стави мали предмети во сад со вода за да открие кои лебдат, а кои тонат.

25. Правење балони од сапуница.

26. Наполнете неколку балони со различни ситни предмети и натерајте го детето да погодува што има внатре.

30-nacini-kako-da-go-zanimavate-veseto-dete-koga-ste-zafateni-2-8.jpg

 27. Наполнете балон со вода или брашно и дајте му го на детето да игра.

28. Дозволете му да ги нареди магнетите на фрижидерот во некаква форма.

29. Дозволете му да црта врз балон.

30. Дајте му мали предмети чии контури ќе треба да ги прецрта на хартија.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg