Девојче го наследило заштитниот знак на својата мајка - бел прамен коса
Колкава е веројатноста дека дури четири членови во едно семејство ќе се родат со ист бел прамен коса? Веројатно ќе се согласите дека шансите се мали.
Но сепак, токму тоа се случило во семејството на малата Мили Ана Ворти од Риџленд, Јужна Каролина.
Малечкото девојче има само 18-месеци и е родено со истиот белег како и нејзината мајка, Бриана, пред неа, па и баба ѝ и прабаба ѝ.
Белата боја на косата се создава како резултат на полиоза , состојба која настанува заради недостаток на пигмент во косата и околната кожа.
„Не сме сигурни колку колена наназад оди белегот, бидејќи прабаба ѝ на Мили била посвоена како малечка и никогаш не ги запознала своите биолошки родители“ - објаснува Бриана.
„Пораснав сакајќи го мојот уникатен изглед и навистина се надевав и дека Мили ќе го добие истиот белег“ - додава мајката.
„Веднаш штом првпат ја легнав на моите гради забележав дека ќе го има истиот белег и бев пресреќна“.
Н. Г. | Црнобело