Зошто не ти дозволив да си доаѓаш дома подоцна од договореното?

Како добар родител отсекогаш сакав да оставам добар пример за моите деца, да ги натерам да размислуваат правилно и секогаш да го зачуваат својот углед и достоинство во општеството. Да не застрануваат и да се држат до вистинските вредности.

zosto-ne-ti-dozvoliv-da-si-doagas-podocna-od-dozvolenoto-01

Мојата ќерка, инаку тинејџерка, мислеше дека нејзиното ограничување за излегување се должи на мојата себичност и на тоа дека нејзините родители едноставно не се кул како другите. Не можеше да сфати зошто таа, возрасната личност со 16 години е казнена, знаејќи дека претходната вечер се врати два часа покасно од дозволеното време.

За таа цел, за да и докажеме на госпоѓа Лутка зошто сме загрижени, со мојата сопруга се договоривме да направиме еден експеримент, а таа да биде присутна додека сето тоа се случува.

Јас се дотерав во црн костум, со бела кошула, без вратоврска. Откопчав две три копчиња од кошулата, ставив добар машки парфем. Ги завиткав ракавите и облеков црни кондури. Косата ја залижав со восок правејќи една модерна фризура. Изгледав можеби пет години помладо од што навистина сум, ќерка ми не можеше да си поверува.

Ја зедовме колата и се упативме до едно блиско кафуле, малку подалеку од центарот на градот каде што не нè познаваа. Јас застанав сам на шанкот, а мојата сопруга и ќерка ми на другиот крај од шанкот. Ќесето го наполнив со сите пари од последната плата, да бидам искрен никогаш не сум го видел толку полно. Порачав виски и чекав на шанкот.

Беше еден после полноќ, после само петнаесет минути до мене застана девојка, тинејџерка можеби година дена постара од ќерка ми, носеше тесен фустан со отворено деколте и високи потпетици. Косата и беше префрлена на едната страна и имаше премногу шминка на нејзиното лице. Едната рамка од градникот намерно и ѕиркаше за да се види дека е во зелена неон боја.

Започна да ме прашува за парите, што работам, каков автомобил возам, дали сум женет... Иако и кажав дека сум оженет, тоа неа не и пречеше, неа и беше важно само да има добра забава таа вечер. Мојата сопруга седеше смирено додека ќерка ми гледаше нервозно, не сфаќајќи зошто се случува сето тоа.

Дојде два часот по полноќ, после првиот коктел девојката беше скоро пијана и започна нападно да флертува со мене, молејќи ме да заминеме некаде каде што никој нема да не гледа. Сакаше да ја одведам во мојот автомобил или во некоја хотелска соба, бидејќи тврдеше дека таа никогаш немала секс со некој оженет и дека тоа ќе ја направи да го допре небото, а такви авантури и биле потребни.

Во 2:15 по полноќ девојката беше во мојот автомобил, заедно со мене, мојата сопруга и ќерка ми, на патот кон нејзиниот дом. Ќерка ми молчеше, не рече ниту збор. Јас молчев како и претходно. Откако ја оставивме пијаната девојка настана еден момент на непријатен молк.

„Јас не сум како неа, никогаш не би била таква, зарем мислиш дека јас...” – почна да се правда, малата виновница.

„Мене сето тоа ми е јасно, но јас само сакам да те заштитам, ти имаш 16 години, надвор има секакви кои сакаат младо месо, многу лесно можат да те прелажат. Виде ли што се случи со девојката, можеше да биде сечиј плен вечерва. Можеа да и прават што сакаат, а потоа да следи едно огромно каење од кое нема назад. Ти можеби не сакаш, но во три часот после полноќ, кој ќе те заштити од мажите жедни за женско тело?

Затоа те доведов, да гледаш што се случува, за да знаеш дека тоа може да ти се случи и тебе, ако немаш ум во главата. Сега јасно ти е зошто имаш временско ограничување? Кога ќе бидеш доволно возрасна и ќе можеш да одлучуваш апсолутно правилно со своја глава, тогаш и не се враќај со денови, но засега, моја задача е да те заштитам и јас тоа ќе го направам по секоја цена. Ти слободно мрази ме.”

Таа ме гледаше збунето и не рече ниту збор. Беше свесна за лекцијата која и беше одржана и имаше време да размисли за сѐ што и беше кажано. Јас легнав со мирна глава знаејќи дека таа никогаш нема да биде како девојката од барот. Бидејќи секоја девојка може подобро од тоа...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg