Ќерко, не ги заборавај твоите „прости“ родители...

Како што минува времето чувствуваш огромни промени како на сопствена кожа, така и во однесувањето на другите. Она што било вчера, го нема денeс и она што ќе биде утре те држи во неизвесност за никогаш да не знаеш што точно ќе донесе новиот ден.

mila-moja-ne-zaboravaj-deka-nie-pravime-se-za-ti-da-imas-zivot-od-sonistata

Ја поставував масата за јадење, како и секогаш кога ќе дојдев порано од работа, пред мојата сопруга. На мене сè уште го носев црниот костум со сива панделка. Немав време да се пресоблечам, бидејќи секогаш сакав ручекот да биде поставен навреме и додека сите да дојдат сѐ да биде на свое место. А, тоа не дозволуваше губење време во пресоблекување.

Трпезата беше полна со разно разни јадења, бидејќи мојата сопруга многу се радуваше кога нашата ќерка, инаку студентка, ќе си дојде дома, затоа што таа студираше во главниот град.

Мојата сопруга сметаше дека тогаш треба да се направи банкет за да се прослави нејзиното враќање, секако, јас ја подржував во таквата одлука. Додека јас ја местев трпезата, мојата ќерка се симна од својата соба, седна на столот и не изусти збор.

Си помислив нешто не е во ред, но решив да не ја прекинувам. Си реков можеби има лош ден или едноставно и е тешко од патувањето.

Она што ме зачуди беше фактот дека веќе го немаше она весело девојче кое ќе ми се впушти во прегратка и ќе ми извика „татичко“ за да ми ја наполни душата и да ми го разубави денот.

На нејзиното лице сега немаше трага од таа радост, туку само една безлична емоција и лице кое е зариено во екранот од својот телефон.

Откако сите дојдоа, седнавме да ручаме, јас и мајка и ѝ поставувавме прашања за животот во главниот град, како се снаоѓа, за колегите, за цимерите, за предметите на факултет, за парите кои ѝ ги праќаме.

Таа со негодување одговараше кратко и незаинтересирано. Само што не се осуди да каже досадни сте.

Колку и да се обидуваше мојата сопруга да ја прикрие ситуацијата, беше повеќе од очигледна.

Девојката која ја пуштивме да се школува надвор од дома, беше целосно отуѓена од нас. Како да заборавила колку ноќи не спиеме за да и го овозможиме сè она што таа ќе посака.

Малото девојче кое ми заспиваше на рацете и бараше приказни за добра ноќ, сега не сакаше да ми раскаже како и поминува еден обичен ден.

Беше опседната со технологија и мода, со работи кои за мене би требало да се непознати, бидејќи таа ме нарече „старомоден“.

Со виљушката боцна еднаш или двапати, а на трпезата имаше еден куп јадења во нејзина чест. Рече дека била на диета.

Без да каже или да праша, стана од трпезата и замина во својата соба.

Мојата помала ќерка само запраша „Што се случува со дада?“.

Немав одговор, душата ми плачеше однатре. Немав објаснување како е можно за само неколку месеци од играчи во исти тим да станеме комплетни странци.

Немав рационално објаснение на тој сплет на настани. Мојата сопруга почна да плаче на моето рамо прашувајќи се каде згрешивме.

Затоа мила моја, ако го читаш ова, сакам да знаеш дека ние сме сè уште истите двајца кои те покриваа пред да заспиеш и оние кои спиеa до тебе кога ти беше уплашена.

Ние сме истите тие кои те научија да чекориш, да возиш велосипед, да читаш и пишуваш. Ние со нашата макотрпна работа ти овозможивме сѐ, можеби некогаш не беше доволно, но тоа беше сè што имаме.

Кога стоиш во наша близина, исклучи го телефонот, не срами се што не сме толку кул, покажи ги манирите на кои те учевме и застани да зборуваш со нас не како да сме отпадок кој си го нашла на улица, туку твоите родители.

Можеби големиот град ти го поматил умот и си мислиш работи кои не се вистина, но верувај ми, во животот секому му треба безбедносна мрежа за да го спаси од кршење.

Ние и само ние ќе бидеме засекогаш таа твоја сигурносна мрежа кога ти ќе изгубиш рамнотежа и гравитацијата ќе те повлече надолу.

Затоа запомни, ние сме тие кои би дале сѐ за тебе, зарем многу бараме од тебе?

Да го оставиш телефонот и времето кое го имаш, барем додека си тука да го поминеш со нас и да ни ја наполниш душата со радост?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg