Што ѝ е потребно на секоја мајка за да не полуди?

Кога секојдневието е исцрпувачко и секој ден се чини дека трае по 30 часа и покрај сета добра волја, на секоја мајка ѝ се случува да полуди.

Sto-i-e-potrebno-na-edna-majka-za-da-ne-poludi-01

Бидејќи тоа никому не носи добро, потрудете се да примените некои од овие работи, барем одвреме-навреме како би останале нормални и колку што е можно повеќе смирени.

Значи на секоја мајка, па и вам, потребно ви е следното:

1. Еден ден без детски цртани и песнички

Сигурно и вашето дете сака да гледа цртани филмови, можеби и веднаш откако ќе се разбуди. Можеби тоа понекогаш ќе ви ја олесни работата бидејќи не ве бара вас, но дали некогаш не ви доаѓа да го гаѓате телевизорот? Понекогаш, барем понекогаш, на мајката и е потребно малку телевизија за возрасни или само малку ТИШИНА.

2. Другарка мајка

Не оние “совршени мајки” заради кои се чувствувате дека сè правите погрешно. Потребни ви се оние мајки кои не ве оценуваат и потценуваат на секој чекор и кои ќе ве разберат кога сакате да побегнете од дома на неколку дена. Ќе ве разберат бидејќи и тие го посакуваат истото.

3. Една или неколку ноќи добар сон

Ако се случи барем една ноќ да не мора да се будите повеќе пати за да го нахраните бебето, веќе следната ноќ задолжително ќе биде пеколна. Направете си услуга себеси и на другите и најдете начин да отспиете на мир.

Дали тоа ќе значи да го задолжите сопругот за сè, да спиете кај мајка ви, или да го однесете бебето кај неа, изборот е ваш. Ако возраста на детето ви го дозволува тоа, само напред!

4. Туширање на мир

Престој во бањата на една мајка обично е сведен на минимум. Дали е така и со вас? Прекинување во вид на влегување во бањата, довикување од соседната соба и брзањето се нешто очекувано.

Затоа бањањето вметнете го во распоредот во моментите кога ќе бидете сами. Немојте да ја средувате куќата, средете се себеси. Ќе се чувствувате прекрасно.

5. Нормални разговори со возрасни

Дале сте забележале дека, посебно кога сте со детето, сите со вас разговараат на детски теми, понекогаш и со детски јазик? А вам сакате само малку нормален разговор. Започнете го вие и некој ќе го прифати како што треба. Но борете се за тие неколку минути нормален разговор.

6. Хоби

Прекрасно е кога мајките го поминуваат своето време со децата, ги водат по игротеки, часови и треннзи. Но понекогаш, за да не ја изгубат главата, на мајките им е потребно лично хоби, кое не вклучува ништо детско. Сигурно постои нешто што сакате да го правите и во што уживате. Посветете му на тоа хоби повеќе време.

7. Машина за миење садови и машина за сушење облека

Кога имате толку многу обврски секоја помош ви е добредојдена. Овие машини, а и сличните домашни апарати секогаш ќе ви помогнат да заштедите време и што е поважно да се чувствувате одморени.

8. Вежбање

Она што секоја мајка го сака, а секогаш е на крајот на листата со приоритети, е секако вежбањето. А тоа може најбрзо и најдобро да ви помогне да се ослободите од стресот и да се чувствувате подобро во сопствената кожа. Трудете се вежбањето (она кое вие најмногу го сакате) да ви стане дневна рутина.

9. Фризер/маникир/педикир/масажа

Еден час потрошен за третман кај вашиот фризер или козметичар, не треба да ви предизвикува чувство на вина. Напротив, ваквите третмани им се потребни на жените за да се чувствуваат подобро и поубаво. А вашиот маж би требало да го цени тоа.

10. По некоја чаша пијалак

Уживањето во по некоја чаша вино или пиво, одвреме-навреме, е добро за вашето расположение. Важно е да не претерувате и тоа да не прерасне во зависност. Сè што е умерено е дозволено, дури и пожелно.

11. Редовни излегувања со партнерот

Сте создале заедница со партнерот бидејќи го сакате. Кога ќе дојдат децата не треба тоа да го заборавите. Издвојте време еден за друг за да не полудите.

12. Редовна исхрана

За да имате доволно сила и да можете да се грижите за вашите деца онака како што треба, морате најпрво да мислите на сопственото здравје. Лошата и нередовна исхрана може да ве направи нервозни, а тоа е она што се обидуваме да го избегнеме. Од друга страна, со редовна и здрава исхрана ќе им дадете добар пример на вашите деца.

13. Време со сама себе

Од пресудно значење за вашето ментално здравје е пронаоѓање на време за опуштање – со медитација, купка, со книга и слично. Пронајдете го.

14. Добар пријател

Барем еден пријател со кој можете да разговарате за сè, дури и кога не се работи за детето. Тој или таа, не е важно, важно е да имате пријател кој ќе ве потсети дека постои свет, надвор од оној детскиот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg