За жените кои мислат дека царскиот рез е полесниот начин - Гневна мајка возвраќа на коментарите

Кири Васалес ја родила својата ќеркичка Луна на 11-ти август.

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-01.jpg

Бидејќи бебето не било во нормална позиција за време на породувањето, Кири морала да направи царски рез, наместо да се породи природно.

Нешто подоцна, решила да објави фотографија од новороденчето на нејзиниот стомак, наместено баш така како што било додека било во нејзиниот стомак.

„Решивме со мајка ми да направиме фотографија од Луна онака како што беше позиционирана во мене“ - вели Васалес.

Фотографијата беше прекрасна, па решив да ја објавам.

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-1.jpg

Но, не добила позитивни коментари.

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-5.jpg

Напротив, луѓето на Инстаграм ѝ коментирала дека по секоја цена морала да проба да се породи на природен начин, и дека царскиот рез е полесниот начин.

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-2.jpg

На фотографијата која сега е тргната од Инстаграм заради голотија таа напишала:

„Моето прво дете го родив по природен пат, а овојпат немав друга опција. Беше превртена, а сепак, луѓе кои воопшто не ја знаат ситуацијата се дрзнуваат да коментираат и да ми кажуваат дека требало да се обидам да ја превртам“.

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-6.jpg

„Не е во ред да судите, секој е различен и секоја мајка сака да се погрижи дека нејзиното малечко ќе се роди здраво“.

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-3.jpg

„Без разлика дали се родени со царски рези или природно, со апчиња против болка или без, во вода или дома... Не е важно!“

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-4.jpg

„И да, многу жени веруваат дека царскиот рез е полесниот начин, но верувајте ми, воопшто не е така“. 

za-zenite-koi-mislat-deka-carski-rez-e-lesniot-nacin-gnevna-majka-vozvrakja-na-komentarite-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg