Малечко, што и да посакаш да бидеш, биди најдобриот!
Те гледам додека трепкаш и сакам да ти ги подарам целиот свет на дланка.
Сакам да ти овозможам сè што јас сум немал во животот, сè што ми било скратено, сите играчки по кои сум плачел, сите алишта и патики кои скришум сум ги гледал по излозите.
Но, знам дека така нема да станеш подобар човек, ниту дека ќе се усреќиш.
Ќе се обидам да те воспитам, ќе пробам да те научам да бидеш скромен и културен, без оглед на околностите во кои ќе живееш. Затоа што најлесно е да се живее во изобилство, предизвикот доаѓа кога имаш малку. Тогаш животот ќе те стави на тест и можам само да се надевам дека ќе го положиш испитот.
Можам да ти дадам многу работи, но еве ја најважната: Ти ја давам слободата сине да бидеш она што сакаш.
Можеш да бидеш музичар или актер, ако тоа е она што го сакаш. Јас никогаш нема да ти речам дека таа професија е наблагодарна или финансиски неисплатлива.
Можеш да биде пожарникар, ако тоа е она што го сакаш. Јас ќе ги знам опасностите и ризикот од твојот избор, но сеедно, ќе те поддржам.
Можеш да бидеш доктор, ако тоа е она што го сакаш. Јас никогаш нема да те спречам одвраќајќи те од желбата да им помагаш на другите, само затоа што има премногу учење, премногу работа, а премала награда.
Можеш да биде спортист, ако тоа е она што го сакаш. Биди сигурен дека јас секогаш ќе бидам на трибините и ќе навивам најгласно, со полно срце и очи исполнети со гордост.
Сине, во овој свет во кој времето кое ни е доделено е толку кратко, посакувам само да си среќен.
Биди сè што ќе посакаш, без колебање, без каење. Давајќи ти ја можноста за слободен и сопствен избор, знам дека ќе те усреќам најмногу.
Мое скапоцено малечко, што и да посакаш да бидеш во животот, потруди се само да бидеш најдобриот!
(О)Милена | Црнобело