5 смешни илустрации: Како луѓето гледаат на мајките, а како на татковците?
Чони Бруси е писателка и мајка на 4 деца, а своето искуство од одгледувањето на децата го искористила за да ги создаде овие 5 комични стрипови кои прикажуваат секојденвни ситуации во кои се наоѓаат сите родители.
Сепак, она што е особено интересно и што авторката на смешен начин го истакнува, е начинот на кој јавноста гледа на мајките и татковците.
И доколку лакираните нокти на вашата 4-годишна ќеркичка се нешто кое е многу штетно и медицинската сестра веднаш ќе ве опомене да престанете да го правите, штом ќерка ви се појави на лекар со вашиот сопруг, тоа одеднаш станува нешто многу слатко и симпатично за сите вработени таму.
Погледнете ги стриповите и ако веќе сте родители, сигурни сме дека ќе се пронајдете...
М. С. | Црнобело