Зошто децата не треба да ги заспивате со шишенце?
Понекогаш, децата најлесно заспиваат со шишенце. Иако нас тоа ни ја олеснува ситуацијата и го скратува времето кое им е потребно за заспивање, таквата навика се покажала како лоша за малите дечиња.
Стоматолозите истакнуваат дека ако детето заспие со шишенце во уста, течноста што останува во неговата уста се задржува околу забите – а тоа поттикнува кариес.
Тоа се случува затоа што бактериите во устата ги менуваат шеќерите од млекото, чајот или сокот во киселини кои ги расипуваат забите, најчесто горните секачи.
Ако детето веќе се навикнало да заспива со шише и не сака да заспие без него, дајте му го шишето додека заспие и потоа тргнете му го.
Ако детето е постаро од 6 месеци, можете да ставите вода, наместо млеко, чај или сок, затоа што детето неретко остварува поврзаност со шишето како предмет, а не со неговата содржина.
Ризикот за расипување на забите расте и со доењето, особено ако детето спие со вас, па така го доите повеќепати во текот на ноќта.
Ако детето често цица, неговите заби постојано ќе бидат изложени на шеќерот од вашето млеко. За да спречите расипување на забите, избришете го детето или благо исчеткајте му ги забите повеќе пати во текот денот и задолжително пред спиење.
С. С. | Црнобело