Низ проценти - Како изгледа да се биде родител?

Родителството може да биде тешко. А исто и математиката. А ако треба да ги споите двете во едно... па тогаш настануваат нови теореми и аксиоми кои ниту најголемите математичари не можат да ги сфатат.

Matematikata-vo-tekot-na-roditelstvoto-01

Ако треба родителството да го претставите како графикон со проценти нештата би изгледале отприлика вака:

1. Родителството е 50% кажување „Не прави го тоа“, и уште 50% „Ти кажав“.

2. Родителството е 50% купување убави нешта за децата и 50% заканување дека истите ќе им бидат одземени ако не се послушни.

3. Родителството е 10% инспирација и 90% одговарање на бескрајни залудни прашања поставени од мало човече.

4. Родителството е 50% кафе, 75% вино и 100% погрешна математика заради виното.

5. Родителството е 90% заканување дека ќе ги фрлите сите играчки ако тие не ги средат.

6. Родителството е 90% безусловна љубов кон децата и 10% „А може ли да ги вратам назад?“

7. Родителството е 20% поминато време со децата во гушкање и советување и 80% барање на нивните изгубени чевли и чорапи.

8. Родителството е 90% од времето поминати во обид да се сетите каде ги сокривте сите чоколади откако тие ќе заспијат.

9. Родителството е 50% гордо тврдење „Тоа го наследил од мене“ и 50% нервозно мрморење „Тоа го наследил од татко му“.

10. Родителството е 10% осигурување дека децата имаат на нив панталони кога излегувате од дома и 90% осигурување дека во двете чаши има иста количина сок.

11. Родителството е 50% повторување на кажаното... и 50% повторување на кажаното.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Најопасните предмети во детска соба, според доктори од брза помош Секоја година има илјадници случаи на деца кои се повредиле од греалки – некогаш...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg