Лекција од татко кој еден ден бил мајка: „После 16 часа бев во хаос“

Бред Кернс на Фејсбук го документирал својот „пораз“ откако имал можност само еден ден да направи сè што дотогаш правела неговата сопруга како мајка.

eden-tatko-priznava-ne-e-lesno-da-se-bide-majka-01.jpg

27-годишниот Бред е татко на две деца кој откако неговата сопруга била во болница, ја заменил сопругата и решил да напише за тоа што сè морал да направи како „мајка“...

„Знаете кога вашата сопруга ќе каже: „Би сакала да сум татко“, а вие мислите како улогата на мајка и татко е буквално иста... Епа, заблагодарете ѝ се, релаксирајте се, земете си пијалак, пуканки и ослободете си го распоредот, бидејќи ќе ве одведам на возење со ролеркостер со брзина од 160 километри на час.“ – напишал овој татко.

Бред објаснува дека брзо се вратил дома откако неговата сопруга Сара му јавила дека мора да оди во болница поради проблеми со црниот дроб. Додека таа била во болница, Бред морал сам да се грижи за децата.

„И така станав мајка...“ – вели Бред.

Само 24 часа подоцна, откако го направил сето она кое неговата сопруга го правела секој ден, неговата почит достигнала сосема ново и повисоко ниво.

Бред вели дека тоа утро, децата се разбудиле во 5 часот наутро, а неговиот 2-годишен син Нокс сакал да гледа цртани.

„Му пуштив цртани на DVD-то и тоа ми даде малку време. 6-месечниот Фин комуницира само со плачење, а мене ми треба време додека да сфатам што бара од мене. Малку млеко го смири“.

Таткото изјавува дека како денот полека поминувал, неговото трпение станувало сè помало и помало.

„Нокс малку се смири, бидејќи му дозволив да ми лепи налепници по нозете. Беше тивок... сè само да не го разбуди Фин.“

За да не излезе само дека се жали, овој татко на социјалната мрежа споделил дека бил и фасциниран од тоа како бебињата спијат.

„Кога го пресоблекувате детето и ќе го нахраните, држете го цврсто и галете го за да му биде попријатно. Одеднаш трепките му стануваат потешки, почнува да дише на нос, сè додека не му стане толку пријатно повеќе да не може да ги држи очите отворени. Тоа е навистина преубаво.“

Успеал да го легне својот син во кревет, го бакнал за добра ноќ и уживал во моментот сè додека... „Додека моментот не заврши како да сум го фрлил од ѕид, а не спуштил на кревет. За среќа тоа се случува само еднаш во текот на ноќта. Мислам, секако дека никој не би сакал да го прави тоа во 10:30... 12:00... 13:45...15:30... Дали знаете дека несоницата е облик на мачење?“ – запрашал таткото.

Бред во шега додава дека набргу потоа пристигнала неговата тешта која го погледнала неизбричен, хаотичен и во облека од претходниот ден, па сфатил дека сепак ја преферира улогата на татко.

„Тоа беше момент во кој сфатив дека сум поразен. Само 16 часа бев мајка и не успеав“ – вели Бред и заклучува дека не успеал ниту да ја одржува личната хигиена, а воопшто не ни сакал да зборува за готвењето на храна, прошетката со децата и чистината на домот...

Неговата сопруга морала да остане во болница, па тој и понатаму продолжил да ја презема улогата на мајка за што вели дека „сè подобро се снаоѓа во истата“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg