Непреслушани говорни пораки на една мајка претворени во видео кое го трогна светот
Чарлс Френк пораснал мислејќи дека неговото семејство воопшто не правело домашни видеа со кои ќе се зачуваат најголемите и најважни спомени.
Еден ден неговата мајка му се јавила за да му каже дека сите снимки ги префрлила на хард диск. Зачуден и изненаден ја прашал: „Кои видеа?“
Набрзо открил дека неговата мајка собрала цели 20 часа сеќавања без негово знаење.
„Го гледав секој клип до самиот крај. Плачев, се смеев и се чудев, што се случи? Зошто не сме така поврзани како што сме биле порано?“ - објаснува Френк.
Барајќи одговори, тој се потпрел на уште еден извор - неговиот мобилен телефон.
Поточно 38 зачувани и никогаш преслушани гласовни пораки, повеќето оставени од неговата мајка.
Токму овие пораки и 20 часа домашно видео го инспирирале да направи краток филм: „ My Baby You'll Be“:
Н. Г. | Црнобело