3 одлични начини за развивање на креативноста кај децата

„Доколку сакате да израснете креативно дете, морате да го научите да размислува независно“, изјавува Адам Грант, наставник во „Wharton School of Business“, а воедно и татко на деца и автор на книга по психологија.

3-odlicni-nacini-na-razvivanje-na-umetnickite-vestini-na-decata-potvrdeni-od-naucnicite-02

Според него постојат три главни принципи кои секој родител мора да ги следи ако сака неговото дете да порасне во средина која ќе ја поттикне неговата креативност и талент:

1. Фалете го детето, не неговите или нејзините постапки

Кога детето ќе нацрта некој цртеж наместо да кажете „Леле колку убав цртеж!“ кажете „Леле па ти навистина имаш талент за цртање!“. Ваквата изјава ќе го натера детето да сфати дека е талентирано и да се обиде дополнително да ги подобрува своите способности.

2. Никогаш не поставувајте премногу правила

Пред неколку години истражувачите во колеџот во Бостон спровеле истражување во кое ги споредиле семејствата на уметнички надарените деца со тие на просечните деца, при што откриле дека родителите во семејствата со просечни деца имаат во просек барем 6 правила кои ги применуваат секој ден (кога децата да легнат во кревет, кога да пишуваат домашна, итн.), додека пак бројот на правила кај семејствата со талентирани цела покажал бројка дури и помала од 1.

Доколку ги ограничите вашите деца со премногу правила, најверојатно ќе им биде тешко да ги решат нивните сопствени проблеми во иднина. Тие ќе бараат конвенционални методи и решенија наместо да размислуваат независно и да бараат нови алтернативи.

3. Дискутирајте за работите заедно со вашите деца

Уште едно истражување спроведено меѓу американските архитекти покажало дека родителите на најуспешните и најоригиналните деца следела една интересна шема на одгледување на децата: тие создаваат општ преглед на тоа како нивните деца треба да се однесуваат и им објаснуваат зошто е тоа така. Тие исто така им дозволуваат на своите деца да одредат нивни сопствени вредности во рамките на предвиденото однесување.

Кога децата и родителите разговараат за нешто, децата имаат право да го докажат нивното мислење и да се обидат да најдат начин за заеднички да ги решат проблемите, што со време води кон желба да ги одбранат своите тврдења и со постигнат уште поголеми успеси.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 илустрации кои искрено ја покажуваат разликата меѓу одгледувањето на првото и второто дете Првите чекорчиња, „борбата“ со бактериите и можните опасности на кои е изложено ...
8 особини со кои се истакнуваат поголемите деца во семејството Поголемите браќа или сестри на рана возраст учат како брзо да ја проце...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Вежби за деца што го активираат мозокот – ги подобруваат координацијата и концентрацијата Користењето на недоминантната рака за секојдневни активности, како миење заби, ј...
Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg