Кафуле во Сиднеј нуди бесплатна шолја чај за мајките кои дојат во јавност
Да се биде мајка не е лесна работа, посебно ако сте новопечена мајка со прво дете. Токму затоа, едно кафуле во Сиднеј има знак со кој ги кани сите мајки кои сакаат да дојат на бесплатна шолја чај.
„Мајки кои доите - влезете на бесплатна шолја чај, ако имате потреба од одмор... нема потреба да нарачате јадење, не треба да прашате - едноставно релаксирајте се“ - вели знакот во кафуле во предградието Вилоуби во Сиднеј.
Знакот станал вистински хит за сите оние мајки кои мораат да ги дојат децата додека се излезени надвор. Во време кога многу жени се критикувани за доење во јавност, ова кафуле се фокусира на она што навистина значи.
Н. Г. | Црнобело