5 едноставни и забавни научни експерименти кои можете да ги правите со вашите деца

Воопшто не е тешко да ги натерате вашите деца да поверуваат дека поседувате магични способности.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-01.jpg

Сè што ви треба е малку практично знаење и неограничена имагинација. Другото оставете ѝ го на науката.

Овие пет трикови ќе ги убедат вашите најмили дека тие живеат со вистински магионичар.

Експеримент бр. 1

Потребна ви е кеса со патент, малку вода, сина прехранбена боја и ракавици.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-2.jpg

Идејата на експериментот е да го покаже кружното движење на водата во природата. Во горниот дел од кесата нацртајте облаци.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-3.jpg

Во водата ставете од прехранбената боја и ставете ја во кесата. Ставете ја кесата на сонце.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-4.jpg

Ќе забележите како од топлината, водата се претвора во водена пареа и се крева нагоре, за после некое време да дојде до горниот дел од кесата и да се претвори во капки кои подоцна повторно ќе паднат во водата.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-5.jpg

Експеримент бр. 2

Потребни ви се проѕирна тегла со капак, детергент за миење садови, токи и многу сила.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-6.jpg

Наполнете 3/4 од теглата со вода и додадете неколку капки од средството за миење. По неколку секунди додадете ги бојата и токите. Тие ќе ви помогнат да го видите торнадото подобро. Затворете ја теглата, движете ја со спирално движење и гледајте.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-7.jpg

Трикот е во центрифугалната сила која се појавува во центарот на теглата како резултат на кружното движење.

Експеримент бр. 3

Потребени ви се 5 мали чаши, жешка вода, лажичка, цевка и „Skittles“ бонбони (2 црвени, 4 портокалови, 6 жолти, 8 зелени и 10 виолетови).

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-8.jpg

Ставете по 2 лажици жешка вода во секоја чашка и додадете го потребниот број бонбони.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-9.jpg

Со помош на цевка ставете ја течноста во тегла почнувајќи од најгустата боја (виолетова) и завршувајќи со најретката (црвена).  Додавајте ги новите бои капка по капка врз рабовите на теглата за да не се измешаат слоевите.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-10.jpg

Експеримент бр. 4

Потребни ви се еден лимон, памук, шише и накит по ваш избор (срца, токи, зрнца...) и секако многу љубов.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-11.jpg

Исцедете го лимонот и со помош на памукот напишете ја тајната порака на парче хартија.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-12.jpg

За да ја прочитате пораката само загрејте ја хартијата (со пеглање или ставање во рерна).

Трикот се состои во тоа што лимоновиот сок е органска супстанција која оксидира и при загревање станува кафеава и гори побрзо од хартија.

Експеримент бр. 5

Потребни ви се гумени бонбони во форма на црви, сода бикарбона, оцетна киселина, даска за сечење, остар нож и две чисти чаши.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-13.jpg

Секој црв исечете го на 4 дела. Растворете 3 лажици сода бикарбона во топла вода и ставете ги црвите во неа, оставајќи ги да отстојат 15 минути.

5-ednostavni-i-zabavni-naucni-eksperimenti-koi-mozete-da-gi-pravite-so-vasite-deca-15.jpg

Префрлете ги црвите во чашата со оцетна киселина и ќе забележите како веднаш ќе бидат прекриено со меурчиња и ќе почнат да „танцуваат“ и да се креваат кон површината.

Трикот се состои во тоа што при преместувањето од чашата со сода во чашата со киселина, оцетната киселина реагира си бикарбонатите и заради тоа се појавуваат меурчиња со јаглерод диоксид на црвите заради што тие се креваат нагоре. На површината меурчињата пукаат и тие пак паѓаат на дното почнувајќи го циклусот одново.

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во воспитувањето што ги прават модерните родители „Ги потценуваат. Децата на 9 или 10 години се многу попаметни отколку што луѓето...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
„Ќерка ми се жалеше дека соучениците ја нарекувале глупава и грда – Што направив?“ „За жал навредувањето и потсмевањето меѓу врсниците се нормализира и се нарекува...
„Моето дете ќе јаде што сака – Учителката на ќерка ми забранила колачиња во градинка, јас ѝ напишав ... Дали е во ред на децата да им даваме колачиња за во училиште или во градинка и д...
„Еден ден децата ќе ме прашаат вреди ли да се биде мајка: Што ќе им одговорам?“ „Беше бучно, беше толку многу бучно, премногу често, но тишината што се јав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg