Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тврдините од перници и ќебиња се најубавиот дел од детството

Правењето на засолништа и измислени домови не се само обична игра на децата, туку и порив кој го делат сите малечки и природен дел од развојот.

tvrdinite-od-pernici-i-kjebinja-se-najubaviot-del-od-detstvoto-01.jpg

Дали некогаш сте правеле тврдина од перници или ќебиња? Тајна колиба или некоја мала куќарка? Замок од снег? Ако одговорот е позитивен, сигурно се сеќавате колку многу уживавте во тоа што сте создале сопствен простор во кој владеат ваши правила.

Градењето на некаква импровизирана куќарка не е само обична детска игра, туку природен дел од развојот на секое дете, како што објаснува Дејвид Собел од Универзитетот Антиох.

Во целиот свет децата градат свои посебни места – во шуми, близу реките, од снегот, па и во својот дом, во дворот или гаражата.

„Некогаш децата имаа повеќе можности да прават свое засолниште. Денес таа потреба останала, но приликите исчезнаа“ – забележува тој.

Децата повеќе се онлајн отколку надвор. Помалите немаат што да научат од постарите деца, бидејќи повеќе не се дружат, па традиционалното пренесување на игрите од генерација на генерација се изгуби.

Токму во одреден период секое дете има потреба да ја изрази својата независност, а градењето на засолниште го задоволува тој порив. Така сите деца стануваат позрели, независни и учат подобро да соработуваат и преговараат.

Па, како да им помогнете да ги изразат овие потреби?

Почнете рано

Покажете им на децата што можат да направат само од неколку ќебиња или перници, а потоа сами ќе започнат да откриваат нови начини за градење на засолниште.

Погрижете се да имаат простор

Обезбедете им доволно слобода каде ќе можат да ја изразат оваа потреба.

Помогнете им, а потоа повлечете се

Подбутнете ги малку на почетокот, а потоа оставете ги сами да ги изразат своите фантазии и потреби.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едвај чекам да ѝ кажам збогум за најлошата година во мојот живот 2024-та, барем за мене, се покажа како една од најнеубавите години во животот. И...
11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
„35 години сум во брак - за што се каам и што би направила поинаку?“ Многу жени сфаќаат дека некои работи во бракот би ги направиле поинаку ако имаат...
10 докази дека секоја генерација има свој уникатен шарм и вредности, низ илустрации Нашите родители се гордеат што цел живот работеле во иста компанија - денес такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg