Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совет од Јелена Ѓоковиќ за сите родители: Кога повторно би имала прилика да го воспитувам моето дете...

Советите и зборовите на Јелена Ѓоковиќ внимателно се слушаат. Започнувајќи од здравата исхрана, сега на ред дојде еден совет за родителството, споделен заедно со фотка од малиот Стефан.

jelena-djokovik-ima-odlicen-sovet-za-site-roditeli-koga-povtorno-bi-imala-prilika-da-go-vospituvam-moeto-dete-01.jpg

Под сликата на Инстаграм, Јелена издвои една песна од Дајана Луманс, која ја посочи како совет за сите родители:

„Кога повторно би добила шанса да го воспитувам моето дете,

Повеќе би боела со прстите, а помалку би го прекорувала со нив.

Помалку би му ги исправувала грешките, а повеќе би се зближувала со него.

Помалку би мислела на времето, а повеќе би гледала околу себе.

Помалку би се грижела дали знам сè, а би знаела дека треба да бидам внимателна.

Повеќе би шетала и би летала змејови.

Помалку би се правела сериозна, но сериозно би си играла.

Би трчала низ повеќе полиња и би уживала во ѕвездите.

Повеќе би се прегрнувала, а помалку би размислувала за тоа што треба да направам.

Ретко би била строга, а повеќе позитивна и полна со поддршка.

Прво би изградила самодоверба, па потоа дом.

Помалку би го учела за љубовта кон моќта, а повеќе за моќта на љубовта.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
Вежби за деца што го активираат мозокот – ги подобруваат координацијата и концентрацијата Користењето на недоминантната рака за секојдневни активности, како миење заби, ј...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Уште се состанувам со поранешниот сопруг, но одбивам да му бидам жена“ „Со поранешниот сопруг се смиривме 2 години по разводот – сега сме дечко и девој...
11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
Кратко и брзо упатство: Што треба да му кажете на вашето анксиозно дете за да го смирите? „Сакаш ли да танцуваме или да трчаме за да ја исфрлиме загриженоста?“ Во животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg