6 грешки со кои самите го правите детето разгалено и плачливо
Сите ние, додека не станеме родители, мислиме дека нема да дозволиме нашите деца да станат разгалени.
Но, всушност многу често кога ќе се најдеме во таа улога правиме грешки со кои нашите деца стануваат токму она што сме тврделе дека нема да бидат.
1. Брзање, брзање, брзање...
Постојаното брзање е нешто кое ни создава стрес, првично на нас самите, а со тоа и на нашите деца. Брзањето испраќа погрешна порака дека вашето време е драгоцено, а тие мали суштества не го заслужуваат.
Затоа застанете малку, оставете ги на мира да појадуваат и да го користат приборот и прочитајте им некоја приказна пред легнување. Ништо нема да ви избега, освен нивното детство.
2. Недостаток на распоред на времето за спиење
Одењето на спиење е нешто кое сите деца ќе се обидат да го избегнат сакајќи да останат будни макар уште 5 минути. Сепак децата кои имаат недостаток од сон се несреќни и плачат и за најмалите ситници.
Одложувањето на одењето во кревет заради тоа што детето сака така, а и заради тоа што и сами имаме уште работа која треба да се доврши, е сигурен начин на кој од децата правиме мрзоволни и неодговорни лица.
3. Пренатрупан распоред
Времето во кое живееме е динамично и сите имаме натрупани распоред со обврски кои мораме да ги исполниме. Кога малку ќе пораснат го трупаме и нивниот распоред со активности кои „никако не смеат“ да ги пропуштат...
Понекогаш не е лошо да да застанете и да исфрлите некои не толку важни активности од нивниот, а и вашиот распоред, и да се обидете да поминете повеќе време заедно.
4. Лош став
Лошиот став на родителите, не на детето, бидејќи ставот на децата е директен одраз на ставовите на родителите. Не го потценувајте своето влијание врз децата дури и преку работите кои несвесно ги правите.
Ако сакате среќно дете бидете родители кои ќе шират среќа и позитивен став.
5. Недостаток на контакт со очите
Обичниот контакт со очите и времето кое го поминуваме сами со децата може да направи чуда и да ја смири напнатоста во ситуации кога децата, а и родителите само што не „експлодирале“.
Седнете на подот со нив и заедно играјте разговарајќи за тоа како си поминале во градинка и што научиле тој ден, гледајќи ги право во очи.
6. Плачењето како начин да го добијат тоа што го сакаат
Никој не сака да ги слуша децата како плачат, дури многумина од нас би се сложиле дека тоа е најлошиот звук кој воопшто постои. Најлесно да им се даде сè што сакаат, наместо да се слуша тој несакан звук.
Но, зарем така не ги учиме децата дека хистеријата е плачењето се начин да добијат сè што сакаат? Децата брзо учат и оваа ваша слабост веднаш ќе ја искористат во нивна полза.
Следниот пат објаснете му дека плачењето нема да му донесе ништо и да, оставете некое време да плаче, верувајте нема да му биде ништо.
М. С. | Црнобело