Мали лаги кои секој ѝ ги кажал на својата мајка

Односот мајка-дете понекогаш знае да биде многу сложен, особено кога сте тинејџер и се борите за „своето место под сонцето“.

Mali-lagi-koi-sekoj-i-gi-kazal-na-svojata-majka-01

Многумина од нас забележале дека нивните другарки/другари одлично се сложуваат со нивните мајки, а тајната која се крие зад тоа се малите ситни лаги кои секогаш ги смируваат работите и не дозволуваат ништо да го наруши нивниот однос со мајката.

Да се разбереме зборуваме за лаги од типот „Да, да носам џемпер“ иако вие се шетате по маичка со кратки ракави и кажувањето „Да, мамо, зготвив вечера“ додека ја фрлате кутијата од нарачаната пица во контејнерот надвор.

Ова се тие лаги кои секој од нас барем еднаш во животот ѝ ги кажал на својата мајка:

1. Не топло е надвор, не ми треба јакна.

2. Не се тресам, воопшто не ми ладно, супер ми е.

3. Не нарачувам пица речиси никогаш, гледам сама да си зготвам нешто многу поздраво. 

4. Знам дека мирисам на чад, ама што да првам кога сите во кафичот пушеа.

5. Не мора да ми купувате нешто посебно за роденден, книга или нешто ситно е доволно.

6. Ќе спијам кај (името на другарот/другарката која е најодговорна и мајка секогаш ви го/ја кажува како пример за добро дете), се гледаме утре!

7. Сигурно нешто телефонов не ми работи како што треба, не ми стигна ниедна порака дека си ме барала.

8. Добро ми оди, внимавам на парите, не сум ги потрошила сите.

9. Може да ми позајмиш ХХХ денари? Знам дека ми дадовте веќе пари ама ми требаат уште малку.

10. Не мамо јас никогаш не пијам алкохол.

11. Нееее, не сум пијана. Само ти пишувам за да ти кажам дека многу те сакам.

12. Не, мамо, не ти треба „Фејсбук“, тоа е многу глупаво нешто. Чекај малку мамо некој ми пиша на „Фејсбук“.  

13. Не, немам ништо со него/неа, само сме пријатели.

14. Не, мамо, не ме разбуди. Буден/а сум одамна.

15. Да, да, јадам здрава храна.

16. Не сум мамурен/а, само ми се спие.

17. Мамо се сретнав со ..... ќе ти се јавам после (добро е ја откачив)!

18. Супер е јадењево, фала мамо (ах, зашто морам да ги јада овие здрави глупости!)

19. Во моментов сум фокусирана на работата, немам време за ништо друго.

20. Сè е во ред, мамо, не грижи се!

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Важни работи на кои треба да ги научите децата, пред да биде премногу доцна Учењето на децата за вредноста на парите и важноста на штедењето ја поставува ос...
Баланс велосипед за деца: Од која возраст се користи и на што да обрнете внимание? Ако вашето дете може стабилно да оди, тогаш голема е веројатноста дека може да в...
10 илустрации кои искрено ја покажуваат разликата меѓу одгледувањето на првото и второто дете Првите чекорчиња, „борбата“ со бактериите и можните опасности на кои е изложено ...
Мали работи што родителите треба да ги прават – на децата им значат многу Од најважните луѓе во нивниот живот, родителите, децата треба да слушнат дека&nb...
Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа? Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg