Баланс велосипед за деца: Од која возраст се користи и на што да обрнете внимание?

Ако вашето дете може стабилно да оди, тогаш голема е веројатноста дека може да вози и баланс велосипед. Идеалната возраст за започнување е помеѓу 18 месеци и 2 години, a во последно време стануваат многу попопуларни за во иднина да не ги користат велосипедите со помошни тркала. 

balans-velosiped-za-deca-koga-da-se-zapochne-so-koristenje-i-na-shto-da-obrnete-vnimanie-01.jpgфото: depositphotos.com 

Баланс велосипедите во последно време станаа многу популарни кај децата.

Овие возила со две тркала, без педали, им овозможуваат на малите истражувачи да вежбаат координација и рамнотежа, неопходни за возењето велосипед во иднина, без даима потреба да користат помошни тркала и да ја губат самостојноста.

На што да се обрне внимание кога се избира баланс велосипед?

При избирањето на баланс велосипедот, најпрво мора да внимавате да одговара на големината на детето.

Идеално, треба да го купувате заедно со него, да го пробате и да бидете сигурни дека висината му одговара на детето кое треба да седи исправено, да има благо свиткани колена и двете нозе целосно да му допираат на земја.

Ако баланс велосипедот е премногу низок, тогаш нозете на детето ќе бидат свиткани навнатре и може негативно да влијае на колената, зглобовите, стапалата.

balans-velosiped-za-deca-koga-da-se-zapochne-so-koristenje-i-na-shto-da-obrnete-vnimanie-02.jpg

На што да обрнете внимание кога детето вози баланс велосипед?

При возењето баланс велосипед, внимавајте вашето дете да не турка само од внатрешниот раб или од врвот на стапалото.

Туркањето треба да се врши со користење на класичниот механизам, сличен на одење – преку петицата, надворешниот раб на стапалото и прстите.

Стапалата не се свртуваат ниту нанадвор ниту навнатре, останувајќи во паралелна положба.

Која возраст е најдобра за започнување со возење баланс велосипед?

Ако вашето дете може стабилно да оди, тогаш голема е веројатноста дека може да вози и баланс велосипед.

Идеалната возраст за започнување е помеѓу 18 месеци и 2 години.

Ова е просечна возраст кога детето е физички и развојно подготвено за да започне да балансира.

balans-velosiped-za-deca-koga-da-se-zapochne-so-koristenje-i-na-shto-da-obrnete-vnimanie-03.jpg

Совети за родителите кои избираат детето да вози баланс велосипед

Ако веќе сте избрале баланс велосипед за вашите малечки, тогаш погледнете неколку совети кои ќе ви бидат од дополнителна корист:

1. Изберете соодветна и сигурна локација

Избегнувајте паркирани автомобили, отворена вода или какви било други отворени пречки.

Наместо тоа, изберете отворен простор без сообраќај или нешто што ќе му го одвлече вниманието на детето.

2. Проверете дали сте го избрале соодветниот велосипед

Рачките треба да бидат на удобен дофат. Седиштето треба да биде добро приспособено така што детето сигурно ќе допира до земјата.

balans-velosiped-za-deca-koga-da-se-zapochne-so-koristenje-i-na-shto-da-obrnete-vnimanie-04.jpg

3. Опремете се

Уште на почетокот, детето може да падне и тоа е сосема нормално. Изберете соодветна кацига, удобни чевли и облека.

Избегнувајте широка облека или чевли со врвки што може да се заглават во тркалата.

4. Бидете трпеливи

Баланс велосипедот обично се совладува брзо, но, ако детето не сака да вози, тогаш не настојувајте и почекајте неколку недели пред повторно да се обидете.

5. Дајте му соодветен пример

Детето ќе се обиде да ве имитира што правите, па така, дозволете му да ве гледа како возите велосипед колку што е можно повеќе.

Исто така добар пример се и поголемите браќа или сестри.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg