Исповед на една мајка: „Зошто им ги одзедов паметните телефони на децата?“
Една необична мајка ја раскажува својата приказна - зошто Амалија Ивезиќ решила да им ги одзеде паметните телефони на своите деца?
„Откако ги добија паметните телефони животот на моите деца драстично се промени. Одеднаш животот им се сведе на неколку социјални мрежи, пораки, коментари, фотографи... Попуштија на училиште, престанаа да се забавуваат, па затоа одлучив да им ги одземам“ - објаснува таа.
„Наставникот на мојата ќерка на една родителска кажа како забележал дека децата живеат исклучиво на своите телефони и компјутери и дека повеќе не постои социјализација надвор од училиштето. Јас сум убедена дека и таму не им е важно со кого и дали се дружат, туку само каква фотографија ќе објават или што ќе коментираат“ - додава загрижената мајка.
„Откако ги добија паметните телефони попуштија на училиште, оцените им се пониски и имам чувство дека ниту една секунда не можат да ги пуштат телефоните од раце“ - додава.
Токму затоа, Амалија решила нејзините деца да престанат да ги употребуваат паметните телефони.
„Резултатите одма се забележаа. Освен што си ги поправија оценките, повеќе комуницираат со нас и имаат повеќе време да прошетаат надвор од дома и да се дружат со своите врсници“ - потврдува Амалија.
Што вели психологијата на ова прашање?
Секоја претерана употреба е лоша, ако детето премногу време поминува на својот паметен телефон, а не се социјализира на ниту еден друг начин, тоа ќе има штетно влијание на неговата личност.
Тоа не значи дека модерната технологија нужно има негативно влијание, но важно е да се ограничи времето кое децата го поминуваат со неа.
Н. Г. | Црнобело