Мачка го засакала бебето уште пред да се роди и сега не се одвојува од него
Името на мачката е Панда. Има две и пол години и е најдобриот чувар и пријател на малечкиот Шон.
„Кога забременив, Панда почна да ме следи насекаде, ставајќи ја главата на мојот стомак, како да сакаше на некој начин да го заштити бебето“ – објаснува Лиел, сопственичката на Панда.
Мачката го чувала бебето на овој начин во текот на целата бременост на Лиел, сè до моментот на неговото раѓање.
Кога бебето конечно се родило, Панда веднаш го прифатила, како нејзин помлад брат, кој толку долго го чекала. Сега мачката се обидува цело време да лежи блиску до него за да може да продолжи да го чува и ја буди Лиел доцна навечер ако тоа се разбуди.
М. С. | Црнобело