Кратка приказна за суштината на родителството: „Жал ми е, тука не продаваме родители“
Млад брачен пар влегол во најскапата и најубава продавница за играчки.
Мажот и жената долго ги разгледувале шарените играчки наредени на полиците, закачени на таванот, наредени во купови.
Имало кукли кои се смеат и кои плачат, детска облека, минијатурни кујни во кои се подготвуваат вистински пици и торти... Но, не можеле да се одлучат.
Кога младата продавачка им пришла, ѝ објасниле што бараат:
„Видете, имаме мало девојче, но и двајцата сме отсутни по цел ден, а често и навечер, па не знаеме како да ја израдуваме.“
„Се работи за девојче кое ретко се смее“, продолжил да објаснува таткото.
„Би сакале да ѝ купиме нешто што ќе ја усреќи и тогаш кога нè нема. Нешто што ќе ја радува кога ќе биде сама“.
„Жал ми е“, љубезно се насмевнала продавачаката. „Тука не продаваме родители“.
М. Д. | Црнобело