Кога родителите на креативен начин сакаат да ја објават приновата во семејството...
Боби-Џо Хорват, 23, од Блекпул, Ланкашир, не можела да дочека да им ја соопшти среќната вест на пријателите и семејството, но сепак смислила еден многу креативен начин за да го направи тоа.
Таа го замолила својот пријател Хедер МекКензи да ѝ помогне во остварувањето на оваа цел. МекКензи поминал час и половина во цртање на нејзиниот стомак, а крајниот резултат е нешто навистина воодушевувачко.
На фотографиите кои ги објавила заедно со нејзиниот партнер, Адам Гил, на нејзиниот стомак може да се види нацртана опаковката на Киндер-јајце со познатиот слоган „Kinder Surprise“.
„Луѓето обично објавуваат фотографија од првиот ултра звук, што е навистина убаво, но јас сакав да направам нешто многу покреативно. Со Адам зборувавме за полот на бебето и решивме дека тоа ќе остане тајна па така ја добив идејата за ова“ – објаснува таа.
Кога сликата била нацртана таа ја објавил на Фејсбук со коментар „Здраво... сакам да ви се претставам. Би ви го кажало и моето име, но не знам кое ќе биде. Мајка ми и татко размислуваат за различни имиња во зависност од полот. Ниту тие официјално не ме запознале, но сепак јас и мама поминуваме доста време заедно и го делиме скоро секој оброк. Сакам да знаете дека сум многу возбудено да ве запознаат сите, а тоа ќе се случи некаде околу септември!“
М. С. | Црнобело