„Ми рекоа дека моето дете е ‘просечно’ при упис во прво одделение – Зошто не се загрижив?“

„'Вашето дете е просечно’, малку уплашено ми ги соопшти педагогот резултатите од тестирањето на мојата ќерка при уписот во прво одделение. Според изразот на нејзиното лице би можело да се рече дека од мене очекуваше некаква реакција – да се спротивставам, да викам, да барам повторување на тестот, да ја доведам во прашање нејзината компетентност“.

mi-rekoa-deka-moeto-dete-e-prosechno-pri-upis-vo-prvo-oddelenie-zoshto-ne-se-zagrizhiv-01.jpg

Денес речиси сите родители сакаат нивното дете да биде најдобро во сѐ. Очекуваат само високи оценки и висок успех, што истовремено создава притисок, како врз самото дете, така и врз неговите наставници и образованиот кадар.

Во ред ли е да очекуваме нашето дете да биде најдобро во сѐ и да сметаме дека „просечните“ оцени се навреда за него?

mi-rekoa-deka-moeto-dete-e-prosechno-pri-upis-vo-prvo-oddelenie-zoshto-ne-se-zagrizhiv-02.jpg

Авторката Нада Шакиќ денес работи како одделенски наставник, а објави нејзиниот авторски текст во кој раскажува како педагогот во училиштето каде што учи нејзината ќерка ѝ соопштил дека нејзиното дете е просечно и зошто тоа воопшто не ја загрижило.

Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:

„’Вашето дете е просечно’, малку уплашено ми ги соопшти педагогот резултатите од тестирањето на мојата ќерка при уписот во прво одделение.

Според изразот на нејзиното лице би можело да се рече дека од мене очекуваше некаква реакција – да се спротивставам, да викам, да барам повторување на тестот, да ја доведам во прашање нејзината компетентност.

Таа предвреме се огради од тоа дека нема никакво субјективно влијание врз исходот на тестирањето, туку дека сѐ е бодувано според правилникот на Министерството за образование. Чист шаблон. Само се насмеав, за да ја опуштам и ја прашав дали моето дете може да тргне во прво одделение.

mi-rekoa-deka-moeto-dete-e-prosechno-pri-upis-vo-prvo-oddelenie-zoshto-ne-se-zagrizhiv-04.jpg

- Секако! – ми рече малку поопуштено, па дополни дека таа ќе созрее до 1-ви септември, обидувајќи се да ме утеши иако не бев вознемирена.

- Знаете, дополнив јас, просекот е одличен, тоа значи дека ќе си ги завршува обврските, нема да биде ниту најдобра, ниту најлоша, но ќе има време да се занимава со работите што ја интересираат по училиште.

Јас бев одлична ученичка и сестрана и натпросечна (така ми зборуваа). Тие оценки и бодови уште од прво одделение во основно училиште (слободно можам да кажам броеви), ме туркаа да си ги надминувам границите. Да учам повеќе, да добијам пофалби, да освојувам награди, да одам на сите можни натпревари и кои ме интересираа и коишто не ме интересираа.

Затоа што бев одлична по сите предмети.

Како во основното, така и во средното училиште. Ми беше незамислива можноста да паднам, на кое било поле, затоа што ги исполнував туѓите очекувања. На најблиските, на поширокото семејство, кои се гордееја со мене, на учителите, наставниците, професорите.

Се навикнав за мене да нема грижи. Не постоеше опција да речам: ‘Доста веќе, историјата не е мој предмет и не ме интересира, би можела да добијам и тројка’.

mi-rekoa-deka-moeto-dete-e-prosechno-pri-upis-vo-prvo-oddelenie-zoshto-ne-se-zagrizhiv-05.jpg

Не. Тогаш знаев за петка, а моментално едвај ги знам сите поважни датуми. Толку од одличните оценки.

Потрошив многу време на историја, наместо на задачи од математиката, која ме интересираше, или пак, на цртањето, за кое ми тврдеа дека не ми треба, и дека не можам да бидам талентирана за уметност, ако сум се определила за природни науки.

Ликовното и музичкото образование и родителите и наставниците не го ни забележуваат. За физичкото образование воопшто да не зборувам. Ако си успешен само на тие полиња, тогаш си предмет на потсмев. Неправда.

Сестра ми не беше математичар, но беше исклучително талентирана за сликање и од тоа живее и денес. Живее од својот талент. Плаќа сметки, купува храна, сѐ всушност.

Но, не беше одлична по математика, па затоа беше постојана мета на потсмев и од околината и од самата себеси. Се сметаше себеси за недоволно интелигентна затоа што математиката ја засрамуваше. Затоа што не ја разбираше. Предрасудите ја измачуваа цел живот и ја тераа да се повлече во себе.

Очекувањето детето да биде феноменално во секоја област и вперувањето на прстот во неговите слаби точки, а не возвишување на она во што е одлично и за тоа што има и талент и предаденост, според мене е голема грешка на родителите. Создавање комплекси, таму каде што не им е местото.

Замислете да тренирате куче да плива како риба и уште да му се лутите затоа што не му оди. Тоа го дава својот максимум да ја преплива реката со главата над вода, а вие очекувате тоа да почне да нурка за да го пофалите.

mi-rekoa-deka-moeto-dete-e-prosechno-pri-upis-vo-prvo-oddelenie-zoshto-ne-se-zagrizhiv-06.jpg

- Мислев дека ќе пропаднеш како секој одличен ученик, ми рече мојот класен раководител многу години по завршувањето на основното образование.

- Како мислите? – бев затекната од неговата изјава. Како тоа пропаѓаат одличните ученици? – одеднаш ми го сруши целиот темел врз којшто вредно го градев својот живот.

- Така, низ мојата пракса се покажало дека одличните ученици пропаѓаат, го губат фокусот, затоа што за време на целото образование биле растргнати на сите страни, па на крајот се заморуваат и не успеваат да направат ништо. Далеку поуспешни се просечните ученици, затоа што успеваат да ја пронајдат својата пасија, го наоѓаат она во што се добри, па со текот на животот стануваат генијални во тоа поле – ми образложи тој крајно смирено.

Не сметам за себеси дека сум пропаднала, но сметам дека се заморив. Пред сѐ, од барање перфекција во сѐ. Од исполнување на туѓите очекувања.

Дојдов до точка во животот кога себеси си реков дека просекот е одличен. И со тоа спознание започнав ново поглавје во својот живот – просечно.

Добив слобода да дишам, да грешам, да поправам, да не кријам дека не сум совршена мајка, сопруга, човек. Ослободување. Жал ми е што истиот наставник порано не ми ја откри оваа тајна – дека просекот всушност е одличен.

mi-rekoa-deka-moeto-dete-e-prosechno-pri-upis-vo-prvo-oddelenie-zoshto-ne-se-zagrizhiv-03.jpg

И некој да не ме сфати погрешно – работните навики и мрзеливоста се друго, а оценките и бодовите се нешто сосема друго. Ако детето е одлично во тоа што го интересира, па макар тоа да е и физичко образование (кое никој не го сфаќа сериозно, освен спортистите), тоа е доволно. Тоа е моето мислење.

Ќерка ми совршено зборува англиски уште сега и јас сум пресреќна што еден нејзин талент толку брзо се покажа.

Не знае да трча. Физичкото образование ќе ни биде проблем. За останатото не знам. Знам дека за мене ќе биде секогаш одлична, затоа што нема да ја споредам со никого.

Знаењето е моќ, но само ако е функционално, а не научено за оценка“.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg