Најмладиот истражувач на светот: Бебето кое од 10 недели патува со своите родители

Повеќето тазе родители никогаш не би помислиле да продадат сè, да го напуштат домот и своето дете да го растат шетајќи низ светот.

najmladiot-istrazuvac-na-svetot-bebet-koe-od-10-nedeli-patuva-so-svoite-roditeli-001.jpg

Додека повеќето се мачат да научат како да сменат пелени или како да ја постигнат идеалната температура на млекото, 31-годишната Карен Едвардс и нејзиниот партнер Шон Бејс од Лондон, имаат многу поинаков начин на размислување.

Додека нивната ќерка Есме имала 10 недели, семејството решило да ја истражува Азија, Австралија и Нов Зеланд и максимално да го искористи одморот по породувањето кое ѝ следува на мајката.

Нејзиниот партнер Шон ја напуштил работата, го продале автомобилот, цели 10 месеци шетале нив Азија, Австралија и Нов Зеланд со само една торба. Есме била вакцинирана пред да ја напуштат Велика Британија.

„Малата госпоѓица е родена во Лондон, има мајка од Ирска и татко од Нов Зеланд. Таа е како родена за патување“ - вели Едвардс.

Откако се впуштиле во оваа авантура, ги обиколиле Ирска, Сингапур, Австралија, Индонезија, Малезија, Виетнам, Тајван, Хонгконг, Тајланд и Нов Зеланд.

„Не се каеме што Есме го пропатува светот, но едно нешто што и недостасуваше во текот на нашето патешествие беше социјализацијата со другите деца“ - објаснува мајката.

„Најчудниот дел беше враќањето дома. Есме не живеела некаде подолг период, бидјеќи постојано бевме во движење. Сега тешко ни е да најдеме работи кои ќе ѝ бидат интересни во Лондон, споредено со целиот свет“ - додава.

„Идејата е да ги инспирираме сите оние кои сакаат да патуваат, да знаат дека нивните денови во патување не завршиле само затоа што имаат дете“ - заклучува.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крипторхидизам – неспуштени тестиси кај бебиња, како да го препознаете и како се третира? Доколку тестисите не се спуштат до првиот роденден на бебето, тогаш се препорачу...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...
Престанете да им велите на младите мајки да најдат малку време за себе – тоа не е доволно! Ја нема таа купка што може да ги поништи ефектите на насобраниот стрес и анксиоз...
Креативни и корисни трикови од родители кои ќе ви се најдат ако имате мало дете „Купете мала правосмукалка за детето – ќе си игра со часови, а и ќе го исчисти п...
Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg