Работи кои ќе ги разберат само децата со строги родители

Некогаш ни изгледаше како мама и тато премногу да ни бранат, лишувајќи нè од многу ситници во кои уживаа другите.

raboti-koi-ke-gi-razberat-samo-decata-so-strogi-roditeli-01.jpg

Но, сега разбираме дека голем дел од тие забрани ни се од корист, а на останатиот помал дел, само се сеќаваме со насмевка.

Овие работи ќе ги разберете само ако сте биле дете на строги родители:

1. Во друштвото секогаш бевте првите кои си одеа дома, додека другите продолжуваа да играат на улица или да се журкаат.

2. За да одите да преспиете некаде, мораше на телефон да им ги дадете родителите на другарката/другарот. Плус, да оставите адреса запишана на ливче.

3. Никогаш не правевте планови пред претходно да прашате дали можете, затоа што по Марфи, секогаш кога нешто ќе договоревте, родителите ви забрануваа.

4. Пред да им се обратите на родителите со молба, вежбавте неколку минути пред огледало.

5. Советот „прашај уште еднаш“ никогаш не делуваше.

6. Секогаш моравте да бирате меѓу излегување во петок и излегување во сабота, затоа што двете не беа возможни.

7. Најстрашната паника ве фаќаше кога пријателите ќе го променеа планот, па моравте да им објаснувате на родителите дека нивното „може“ важи за нешто сосема тринаесто.

8. Лажевте затоа што тоа беше единствен начин да излезете од дома.

9. Не пцуевте сè додека не запишавте факултет.

10. Никогаш не разговаравте „за онаа работа“.

11. Од страв од детството, до ден денес кога се облекувате се прашувате што ќе искоментираат родителите на тоа.

12. „Јави се кога ќе стигнеш“ е фраза која ја имате слушнато преку милион пати.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Мали работи што родителите треба да ги прават – на децата им значат многу Од најважните луѓе во нивниот живот, родителите, децата треба да слушнат дека&nb...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
Кои знаци покажуваат дека треба да посетите дефектолог со вашето дете (и како да се подготвите за пр... Не постои погрешно време за посета на дефектолог. Важно е да ја препознаете потр...
8 особини со кои се истакнуваат поголемите деца во семејството Поголемите браќа или сестри на рана возраст учат како брзо да ја проце...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg