9-годишно девојче плаче од радост затоа што ќе го види Доналд Трамп во живо
Младата Ава Лавли од Њупорт е очигледно најголемиот фан на Доналд Трамп. Во видеото објавено од нејзината мајка можеме да видиме како 9-годишното девојче вреска од среќа за неколку моменти потоа да почне дури и да плаче од возбуда.
Нејзините родители раскажуваат како таа се интересирала за политиката и претседателската кандидатура на Доналд Трамп.
За да ја изненадат тие решиле да отпатуваат до Фармингтон, оддалечен три милји од нивниот град, со цел нивната малечка ќерка да има шанса да го види својот омилен политичар.
„Кога прво го објавивме видеото тоа беше наменето само за нашите пријатели и роднини да можат да ја видат нејзината реакција кога и ја соопштивме среќната вест. Но, подоцна откако го прикачивме видеото на Youtube телефоните не престануваа да ѕвонат бидејќи огромен број медиуми беа заинтересирани за нашата приказна“ – објаснуваат родителите на Ава, Кими и Џејсон.
М. С. | Црнобело