Вашата мајка - вашиот најдобар пријател: 3 начини како повторно да се зближите со неа

Ако ги гледате чудно девојките кои се најдобри пријателки со нивните мајки, тогаш овој текст е за вас. Мајка ви е најголемото богатство и личноста која најмногу ве сака и се грижи за вас. Токму затоа треба да ѝ дадете шанса.

vasata-majka-vasiot-najdobar-prijatel-3-nacini-kako-povtorno-da-se-zblizite-so-nea-01

Еве 3 едноставни начини како да сте поблиски со вашата мајка:

1. Однесете ја на вечера

Тоа ќе ѝ покаже дека се грижите за неа. Дури и ако вие две имате проблеми со комуникацијата или ви е тешко да се отворите една со друга, со самото тоа што ќе излезете, вие ѝ се заблагодарувате што ве донела на овој свет и што се грижела за вас. Тоа е најмалку што можете да направите после минимум 18 години грижа за вас.


2. Отворете се за вашиот живот

Вашата мајка сигурно ја интересира дали сѐ уште разговарате со пријателите од основно и средно, дали имате момче... Иако можеби не е лесно да зборувате на таа тема, пробајте да се отворите. Ако вие се отворите, тогаш сигурно и таа ќе направи напори да се отвори.

Неа можете сѐ да ѝ кажете. Дури кажувајте ѝ нешта кои никому не сте ги кажале. Кажете ги стравовите и нервозите, зборувајте за нештата што ве прават среќни. Тоа сигурно ќе ви го подобри односот.

3. Гледајте на вашата мајка како на најдобар пријател

Мајката не е само учител, негувателка и поддржувач. Мајката е многу повеќе од тоа. Однесувајте се со неа исто како што би се однесувале со пријателка. Доволно сте возрасни за да не зависите од неа и време е да почнете да ја гледате како ваш најдобар пријател, а не како слуга.

Прашајте ја за нејзиниот ден, што се случува со неа и бидете тука кога ѝ сте потребни. Родителите (особено мајките) се луѓето кои целиот живот го подредуваат на вашите потреби, но кога веќе немате потреба од нив, најчесто ги забораваме (во поголема мера) и се фокусираме кон нашите сопствени потреби и цели. Но, родителите нема вечно да бидат тука, затоа трудете се да поминувате повеќе време со нив.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Водич за родители: Кога, како и зошто е важно да зборувате за секс со вашите тинејџери? Зборувањето на тема секс со децата е од особена важност, а едукацијата треба да ...
Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување ... Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg