8 работи кои треба да ги знаете кога живеете сами

Живеење сами доаѓа со своите подеми и падови. Од една страна, слободни сте да правите што сакате, никој нема да се жали ако сакате во 2 наутро да гледате телевизија, да слушате музика... Од друга страна понекогаш можете да  бидете прилично осамени. Сами чистите, готвите и нема кој да ви помогне кога не можете да ја отворите теглата или да ги најдете вашите омилени патики.

8-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-koga-ziveete-sami

Ова се неколку совети кои можат да ви помогнат да се справите со сите потенцијални проблеми во кои би можеле да се најдете кога живеете сами:

#1 Направете копија од вашиот клуч и дадете му ја на некој во кого имате доверба. Ова не значи дека секој ден некој ќе ве чека дома, туку доколку заглавите на работа или доколку патувате, некој секогаш ќе може да провери дали е се во ред кај вас дома. Исто така, ќе биде многу полесно доколку таа личност живее во близина.

#2 Купете важни работи пред да ви бидат потребни. Без разлика дали се работи за средство за чистење, прашок за перење или резервни пешкири, секогаш е добро да ги имате овие работи при рака.

#3 Чувајте го огледалото во близина на природен извор на светлина. Бидејќи никој нема да може да ви сугерира доколку имате дамка на кошула или дека руменилото на едниот образ ви е потемно.

#4 Направете распоред за чистење. Бидејќи не зависите од никого и чистите само за вас, ќе мора да создадете рутина за чистење. Одберете го денот кога имате најмногу време и одржувајте ја вашата куќа/стан пристојни. Поголемите задолженија, како чистење со правосмукалка и менување на постелнина можете да го правите два пати месечно.

#5 Создадете навика секој пат да ги проверувате работите пред да излезете од дома. Нема кој да ви го донесе клучот или телефонот, да ја исклучи пеглата или телевизорот, затоа пред излегување проверувајте ги работите повеќе пати. За да си го олесните животот вашите клучеви, вашиот телефон и вашиот паричник треба да ги чувате на видливи места во вашата соба, на тој начин нема да ги заборавите.

#6 Научете да готвите. Не нарачувајте храна и избегнувајте да јадете надвор, бидејќи тоа може да биде многу скапо. Плус, оваа храна е често нездрава и калорична. Постојат многу упатства и рецепти на интернет. Со малку трпение и вежба ќе научите да ги готвите вашите омилени јадења. Тие можеби нема да бидат вкусни како јадењата од вашите родители, но ќе научите како да се грижите сами за себе и да направите ручек од малку состојки.

#7 Имајте хоби. Кога ни е здодевно од тишината на нашиот дом често стануваме депресивни и осамени. Иако е забавно, прекумерно гледање на омилени серии на телевизија или играње игри може да биде нездраво и со тек на време да стане здодевно. Потребно ви е нешто што ќе ве усреќи и ќе ве задоволи. Обидете се да се занимавате со некое хоби, дали тоа ќе биде читање книги, пишување или занимавање со одреден спорт, зависи од вас. Битно е да сте задоволни и да немате време да размислувате за осаменост.

#8 Најдете време да се дружите. Кога немате со кого да разговарате дома најверојатно ќе ви стане здодевно. Секогаш е добро да излегувате надвор од време на време и да се дружите со вашите пријатели. Отсуство на социјализација може да создаде апатија.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...
Како да му помогнете на детето ако има мачнини при патување? Не го терајте детето да јаде сосила, не му дозволувајте да седи на телефон или т...
18 животни лекции на кои треба да ги научите вашите деца во тинејџерските години, низ илустрации Некои совети кои ќе им ги кажеме на децата додека се мали или во периодот на пуб...
Грешки што треба да ги избегнувате ако сакате вашите деца да бидат одговорни личности Го штитите од сите предизвици и му ја критикувате интелигенцијата – кои грешки т...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg