Како да му помогнете на детето ако има мачнини при патување?

Не го терајте детето да јаде сосила, не му дозволувајте да седи на телефон или таблет... Како може да му помогнете на детето што добива мачнини при возење за патувањето да ви помине непречено?

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-01.jpg

Сезона е на летни одмори и патувања, а голем број родители за време на патувањето се соочуваат со проблеми, затоа што нивните деца се склони кон мачнини и гадење додека се возат во автомобил.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-02.jpg

Мачнината за време на патување се случува како последица на тоа што мозокот добива контрастни информации. Односно, внатрешното уво регистрира дека автомобилот се движи, а очите не.

Мозокот станува збунет, па кај детето прво се јавува чувство на неудобност, кое се претвора во мачнина и на крај завршува со повраќање.

Како да му помогнете на детето?

Ако веќе знаете дека вашето дете има проблеми и најчесто има мачнини додека патува во автомобил, би требало да обрнете внимание на неколку важни работи.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-10.jpg

Поглед во далечина

Додека се возите, насочете го детето да гледа во далечина или во некоја точка надвор од автомобилот. Можете да играте игри со забележување и да разговарате со него за работите што ги гледате.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-09.jpg

Обезбедете свеж воздух

Добро би било ако прозорецот од страната на детето е отворен малку и избегнувајте автомобилот да мириса на храна.

Исто така, не му дозволувајте на детето да чита, да игра видеоигри или да гледа видеа на екранот на телефонот.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-03.jpg

Правете пауза за време на возењето

Идеално би било на секои 2 до 3 часа возење (па дури и почесто ако има можност) да правите паузи од по 15-тина минути во кои ќе му дозволите на детето да излезе од автомобилот.

Ако забележите дека детето станува бледо или почнува да се поти, застанете најбрзо што можете на првото соодветно место, каде што има сенка.

Најдобро е да се потрудите детето да не поврати во автомобилот, затоа што потоа на сите ќе им се слоши.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-08_copy.jpg

Возете бавно и доколку можете патувајте ноќе

Најдобро е да избегнувате нагло да кочите или да правите нагли движења додека возите. Добро би било да изберете што е можно порамен пат, без многу кривини, искачувања и височини.

Ако можете, најдобро е да тргнете на пат ноќе, додека детето спие.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-05.jpg

Внимавајте на храната пред патување

Пред патување, најдобро е да се избегне тешка храна и нема потреба да го залевате со течности и вода.

Добро е да му дадете бисквити, крекери, банана и никако немојте сосила да го терате да јаде.

Ако во автомобилот немате клима, тогаш запомнете дека вода треба да му давате почесто, но во помали количества.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-07.jpg

Лекови против гадење

Во аптеките се достапни лекови против мачнини, но запомнете дека овие лекови не треба да ги земате на своја рака без претходно да се консултирате со педијатар, кој ќе ви ја каже точната доза и ќе ви каже на колку време треба да му ги дадете на детето.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-ako-ima-machnini-pri-patuvanje-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...
8 работи кои може да ги правите со вашите деца додека патувате, а немате интернет Игри кои се одлични за збогатување на вокабуларот на детето и го развиваат чувст...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg