На врвот од новогодишната елка

Секој од нас веќе ја донел резолуцијата за новата година, некој посакал патување, некој нова љубов, некој успех и многу пари, а некои можеби посакале да можат да изгледаат што е можно повеќе новогодишни огномети, бидејќи според сите правила на животот овој можеби им е последен.

na-vrvot-od-novogodisnata-elka-01

Додека сонцето скржаво ја ширеше својата светлина, а студот продираше до најмалата срж на моите коски, јас брзав да стигнам да ги завиткам подароците кои ги подготвив за моите дома. Се гледав во синото небо и уживав во мирисот на новата година. Се чувствував исполнето, бидејќи како тој премин да ги оттргна грижите и ги избриша сите грешки, со надеж дека нема никогаш да се повторат. Како и секогаш пешачев.

Пред мене одеше жена некаде на триесетина години која туркаше количка во сина боја. По сите мои претпоставки детето кое се наоѓаше внатре беше машко. Бидејќи одев бавно, тие долго време беа пред мене. Жената пееше новогодишни песни, а детенцето испушташе звуци на задоволство уживајќи во таа мелодија. Беше тоа една хармонична глетка за еден прекрасен ден.

Но, после третата песна забележав промена во нејзиниот глас, промена предизвикана од болка. Жената пееше и плачеше. Не се ни сврте да види дека има некој зад неа, мислам дека воопшто не и беше важно. Бебето и да сакаше не можеше да сфати што се случува, но мене ме интересираше причината за промената во нејзиниот глас.

Низ солзи жената му се обрати на своето дете, со исповед која ми го промени гледиштето за секоја секунда од денот.

„Синко мој, додека взаемно ја делиме оваа прошетка сакам да ти кажам работи кои треба да ги знаеш, знам дека ништо нема да паметиш, но барем мене ќе ми биде лесно на душата знаејќи дека сум ја завршила работата да те известам.

Денес сум многу среќна што заедно ја дочекавме нашата прва, а воедно и последна Нова Година. Се борев и сè уште се борам да не те оставам, со секоја клетка на моето тело се обидувам да се изборам со ракот, проклета болест која ќе ми одземе сè.

Отсекогаш сакав да бидам тука и да те испратам на твојата прва екскурзија, заедно да го купуваме подарокот за твојата прва девојка и да ги правам кифлите за твојата прва визита. Сакав да знаеш дека без разлика колку е злобен светот, ти можеш да се затрчаш во моите раце и да се чувствуваш безбеден.

Јас сакав, но животот не сакаше.

И не ти го кажувам ова за да те растажам, туку за да знаеш дека не сум те напуштила, не побегнав за да бидеш ти сам, туку напротив се борев со сите сили да бидам покрај тебе.

Сигурна сум дека ќе пораснеш во момче за кое светот ќе зборува. Ќе се бориш да ги оствариш своите соништа, а јас ќе бидам тука, ќе те гледам од небото и ќе се обидувам да ти помогнам да го избереш вистинскиот пат, секогаш и секаде.

Можеби нема да бидам физички присутна, но секоја Нова Година, обиди се барем за миг да се сетиш на песничките кои ти ги пееше мамичка, за да одбележиш уште една година помината заедно, јас таму горе чувајќи те, а ти долу на земјата борејќи се за себе.

Погледни во врвот на новогодишната елката и ќе го видиш блесокот предизвикан од мене, истиот блесок кој го имаш сега во очите додека ти ги зборувам овие неразбирливи работи. Чувај ја нашата љубов, зошто од оваа љубов нема посилна и не заборавај да живееш секоја секунда, зошто животот е прекраток да го потрошиш на неважни работи“.

Откако го заврши својот монолог продолжи со нова песна. Јас чувствував дека моето грло е суво. Чувствував дека од моите очи капат искрени солзи кои и покрај студеното време не замрзнуваа, туку упорно капеа по моето лице, непрестајно.

Чекорев зад нив сакајќи да кажам нешто, но секој збор би бил само масло на огнот. Што би имал јас да кажам, сè беше кажано.

Живеј го секој момент, бидејќи не знаеш кој е оној момент кој ќе биде последен.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Психолошки трикови што може да ви ја спасат врската или бракот (низ илустрации) Не го обвинувајте партнерот и не избрзувајте со заклучоци. Кога се расправате, р...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Шампонот за суво миење е најдобар пријател“: 10 работи кои никој не ѝ ги кажува на новопечената биз... „Ручекот со пријателките е луксуз, а не секојдневие“, „Озборувањето на кафе, ќе ...
Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа? Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека...
Кои знаци покажуваат дека треба да посетите дефектолог со вашето дете (и како да се подготвите за пр... Не постои погрешно време за посета на дефектолог. Важно е да ја препознаете потр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg