7 работи кои вашата постара сестра никогаш не ви ги кажала

Кога сте на помалото дете во семејството треба да ги слушате, не само своите родители, туку и постарите браќа или сестри. Помалите сестри често се жалат дека ги третираат како бебиња, но ретко кога се прашуваат како им е на постарите сестри.

7-raboti-koi-vasata-postara-sestra-nikogas-ne-vi-gi-kazala

Постојат многу работи за кои никогаш не се жалела вашата постара сестра, не чувствувала потреба да ви каже сé, бидејќи еден ден, кога ќе пораснете ќе разберете.

1. Како прво дете, таа живеела под построги правила

Родителите секогаш се однесуваат заштитнички кон првите деца, бидејќи сé уште не знаат како да се однесуваат, што да прават и како да ги расподелат одговорностите. Во моментот на раѓањето на второто дете, тие се многу повеќе опуштени и имаат повеќе самодоверба. Постарата сестра, всушност го подготви патот за вас.


2. Повисоки стандарди

Родителите првите неколку години своето внимание му го даваат на помалото дете, а постарото дете секогаш е прогласено за виновно, доколку нешто се случи, бидејќи: „Ти си постара, треба да знаеш подобро.“


3. Добар пример

Вашата постара сестра била принудена да дејствува многу позрело од другите деца на нејзина возраст. Секое нејзино движење или избор морал да биде добар, бидејќи вас ви служела како пример.


4. Мудрост

Кога имала проблеми во училиште, расправии со мама и тато или кога минувала низ тешките времиња, таа морала сама да ги научи грешките. Советите кои ви ги дава можеби изгледаа како досадни на моменти, но таа едноставно не сака да поминувате низ истите проблеми.


5. Критика

Понекогаш вашата постара сестра може да изгледа лошо и ладно, како да не се интересира за вашите проблеми. Но многу пати ве критикувала за да ви помогне да станете подобри и посилни личности.


6. Таа морала да дејствува како учител, чувар и телохранител, иако не знаела секогаш што прави

Постарата сестра секогаш ќе застане зад вас, ќе ви помогне во тепачки, ќе ве храни, ќе ви помогне со домашната задача и ќе ве научи вредни вештини. Таа учела врз сопствени искуства, што сепак не ја спречува да се обидува да ви помогне со нешто.


7. Таа знае дека секогаш ќе биде првата личност на која ќе и се јавите кога ќе имате проблеми

Постарата сестра треба да биде подготвена за буквално сé. Помагање да се отрезните, чистење на нередот за родителите да не дознаат, одење во продавница со вас, позајмување пари за концерти... Затоа, за неа никогаш нема да биде големо изненадување кога ќе и се јавите среде ноќ во паника.

Ова се само некои од работите кои постарите сестри ги поминуваат поради вас, но никогаш не зборуваат за тоа.

На крајот, тие ве сакаат најмногу на светот, и додека ви помагаа да станете комплетна личност каква што сте денес, свесни се дека и вие сте имале голем, позитивен ефект врз нивниот живот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери „Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
10 популарни Монтесори игри кои може да ги направите сами Наместо да му понудите на детето десетици игри кои свират од сите страни и брзо ...
Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg