Писмо до мојот син: Животот ќе ти удира шлаканици...

pismo-do-mojot-sin-01

Сине мој, eден ден ќе ме нема... Ти ќе бидеш возрасен човек и сакам да ти пренесам неколку нешта, сакам да научиш нешто од мене, да го применуваш тоа...

Запомни сине, дека најдобрата работа што еден маж може да ја направи за својата сакана е да ја насмевнува. Со поглед, збор, гест... Да ја смее до солзи, до болка, до немање на воздух.

Другата волшебна работа што може да ја направиш за твојата сакана е да ја почитуваш бескрајно, да се однесуваш како таа да е единствената жена на светот, затоа што таа жена те одбрала тебе од милијарди мажи и те сака и покрај твоите маани.

Сине мој, сакам да знаеш дека семејството е сè во животот. Во буквална смисла. Бори се за нив. За твојата сопруга и деца. Не дозволувај да се почувствуваат осамено затоа што кафаната ја ставаш како приоритет. Не дозволувај да плачат. Ако веќе плачат, нека биде тоа од радост.

Знај дека ќе се појавуваат неморални жени кои ќе сакаат да ти се вовлечат во постелата. Не го дозволувај тоа!

Не ги руши ѕидовите на твојата куќа, не ги туркај темелите на љубовта во замена за некоја минутка страст или за некоја жена која повеќе наликува на порно актерка отколку на жена со која би живеел.

Запомни дека животот ќе ти удира шлаканици. Некои ќе болат помалку, некои повеќе. Но, ти возврати му со насмевка. Бори се, затоа што само храбрите успеваат. И сакај ги луѓето, по цена и да те повредат. Простувај им, само така ќе биде полесно. Покажи ми дека си херој, дека си токму таков како што сакав да биде мојот син!

Те сака мама.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа? Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека...
Бонтон правила на однесување што секој (добро воспитан) ученик треба да ги знае Веќе на сите ни е познато дека во училиште се стекнуваат знаења, а убавите манир...
„Знаеш дека си мајка со мали деца кога повеќе ни во бањата не си сама“ Шест часа сон, дури и со повеќекратни прекини за хранење на новороденчето, изгле...
Кои знаци покажуваат дека треба да посетите дефектолог со вашето дете (и како да се подготвите за пр... Не постои погрешно време за посета на дефектолог. Важно е да ја препознаете потр...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување ... Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg