Искуството на една мајка: „Како му го подобрив имунитетот на моето дете“
Една блогерка и мајка, од свое лично искуство објаснува како успеала да го подобри имунитетот на својата ќерка...
„Мојата ќерка на 11 месеци тргна во градинка, потполно здрава, весела и задоволна што се дружи со деца. Секое утро во наредните 20 дена одеше на „дружење“, но по среќниот период дојдоа болестите“ – објаснува таа.
Нејзината ќерка често добивала воспаление на ушите, потоа на грлото, а понекогаш следел и бронхитис.
„Од силните болести одеше на градинка 5 дена, а потоа 3 дена на лечење дома“ – дополнува.
Докторите и препишувале исклучиво антибиотици на кои по извесен период станала отпорна, па младата мајка решила да се врати на „старите добри бапски лекови и совети“ – како што ги објаснува.
Еве како таа успеала да го зацврсти имунитетот на својата ќерка:
На празен желудник и давала сок од овес. Го правела на тој начин што во 200ml вода готвела една шолја шеќер и една шолја овес. Нејзината ќерка секое утро пиела по една мала шолја од овој сок во текот на 40 дена. Направиле пауза од 15 денови, а потоа уште 40 дена продолжила да и го дава сокот.
По овој сок и давала топла лимонада со лажичка мед и малку цимет.
За ручек, малото девојче консумирало топла супа од коски кои буквално ги „убивала бактериите“ и ги лечела настинките.
Како го подготвувала?
Во 2l вода ставала една јунешка коска, 3 моркови, 3 пашканати, 2 мали главици кромид и малку свеж магдонос кои ги готвела еден час. На крајот додавала малку домашни јуфки.
Како што самата објаснува: „Во тоа време не и давав ниту еден лек кој беше препорачан од лекарите, ја носев на свеж воздух најмалку 40 минути и по 2 месеци нејзиното здравје драстично се подобри. Одеше во градинка цели два месеци без никаква пауза“.
„Можеби сама успеа да се избори со вирусите, но мислам дека овие домашни лекови и помогнаа. Во секој случај, не и штетеа“ – додава таа.