4 добри причини зошто да бидете постара мајка

Кога се породив со мојата прва ќерка на 36 години, во медицинските забелешки бев дефинирана како стара мајка прворотка. И навистина, по првите 3 непроспиени денови се чувствува буквално како да имам 60 години.

4-dobri-pricini-zosto-da-bidete-postara-majka-01.jpg

Во секој случај, тој термин за повеќето мајки кои родиле над 35 години, знае сè уште да биде навредлив, иако бројот на вакви жени секојдневно се зголемува.

Институтот за Национална статистика потврдува дека сега сè повеќе мајки прворотки има над 35, отколку под 25 години, а најголемата група се наоѓа меѓу 25 и 35 години.

Оваа промена го предизвика очекуваниот аларм од гинеколозите кои сега сè почесто наведуваат дека ваквата бременост носи многу ризици. Трендот на постари мајка дава дополнителен притисок на жените – постојано наведувајќи го оној биолошки часовник кој силно отчукува и тука е да не потсети какви се ставовите на општеството.

Но, што ако личноста со која сте во врска на 26 не е таа Вистинската? Што ако некој се одлучи да ја одложи улогата на мајка, поради било какви причини? Не треба да биде нешто поради кое ќе треба да чувствуваме вина.

И додека добро ни се познати причините зошто е убаво да бидете млада мајка, постојат и 4 важни причини зошто е прекрасно да бидете постара мајка:

1. Можете да се сконцентрирате на нешто друго. Може да се концентрирате на тоа да заработите доволно пари, да имате добра кариера, да го пропатувате светот, да студирате... Не е важно што сакате да правите, важно е да уживате во тоа. Да можете да се борите за кариера и да имате дете, но тоа значи компромис не целосно посветување на едната или другата работа.

2. Можете да се спротивставите на сите оние „мудри“ луѓе кои ќе ве советуваат што треба да правите со вашиот живот, како да го воспитувате детето. А добро познат факт е дека: медицинските сестри, докторите, дадилките, роднините и било кој друг, ќе се обидат да ви кажат што треба да правите.

3. Ќе бидете помалку изморени. Без разлика на тоа колку години имате, мајчинството ќе влијае на вашиот сон, на вашата енергија. Можеби е подобро да ја искористите максимално енергијата која ја имате во 20-те, а потоа целосно да се посветите на мајчинството.

4. Можете да го употребите животното искуство за да го воспитувате детето. Не сакам да кажам дека сум подобар родител од некој кој е 10-на години помлад од мене, но се надевам дека мојата ќерка можам да ја научам на сите искуства кои јас претходно сум ги имала.

И едно нешто знам, мојата ќерка никогаш нема да ја советувам да побрза со тоа да биде мајка, затоа што на крајот, одлуката е нејзина.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Крипторхидизам – неспуштени тестиси кај бебиња, како да го препознаете и како се третира? Доколку тестисите не се спуштат до првиот роденден на бебето, тогаш се препорачу...
5 емотивни рани од детството кои остануваат во нас и кога ќе пораснеме Страв од напуштање, понижување... Некои рани од детството не се лекуваат лесно, ...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg