Во 9-от месец од бременоста сè уште вежба јога (видео)
Можеме со сигурност да заклучиме дека поголемиот дел од нас се чудат, а понекогаш и завидуваат на оние кои можат да направат некои невозможни јога пози и вежби.
Но, постојат луѓе кои тоа го прават секој ден, па дури и во поодминатата бременост.
Таков е случајот и со Кинки Вонг која секојдневно вежба јога и успева да направи некои невозможни потези, а веќе е 9 месеци бремена и само неколку дена пред да се породи.
Вонг неодамна објави видео на Фејсбук од нејзиното секојдневно вежбање – видео во кое таа е 39 недели бремена, а без проблем вежба. Многу бргу видеото стана вирално со над 13 милиони прегледи и секако уште една причина за дебата.
Досега прашина кренаа две бремени жени, едната трудница имаше објавено видео во кое крева тегови тешки 30 килограми во 6-от месец, а друга 40 килограми во 4-от месец, сега причина за бура на социјалните мрежи е Вонг.
Додека некои и завидуваат и се чудат на еластичноста на нејзиното тело, други тврдат дека со овие вежби може да го повреди бебето.