Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Храна која треба да ја јадат новите мајки и нивните бебиња

По породувањето кое прилично исцрпувачко искуство потребно би е доста време за закрепнување, па неопходно е да внимавате на исхраната која може да ви помогне во враќање на силата.

8-proizvodi-koi-se-idealni-za-novite-majki-i-nivnite-bebinja-01.jpg

Ова е список од 8 производи кои младите мајки треба да ги јадат за да бидат здрави замите, а и бебето:


1. Боровници

Богати се со антиоксиданси и многу бргу му помагаат на телото да се ослободи од слободните радикали. Содржат есенцијални витамини и минерали, а и мала доза на јаглехидрати кои успешно ве држат подолго време сити.


2. Бадеми

Бадемите се богати со витаминот Е, калциум и протеини кои се добри за коските и забите. Содржат есенцијални масти, а познато е дека омега-3 масните киселини го зголемуваат производството на мајчино млеко.


3. Анасон

Како бадемите, така и анасонот го зголемува производството на млеко. Можете да го јадете свеж или од него да направите пијалаци.
Во 4 шолји вода додадете лажичка семе од анасон и оставете ги да вријат 5 минути, а потоа оставете ја течноста да се олади. Додадете мед и малку лимон. Овој пијалак можете да го пиете во текот на целиот ден.


4. Интегрален ориз

Интегралниот ориз ја зголемува количината на енергија во организмот, а и нивото на шеќер го држи во нормала. Содржи голема количина на влакна и есенцијални нутритиенти.


5. Овес

Има лактогени својства, богат е со влакна и помага при појавата на анемија, што е чест проблем кај жените кои од неодамна се породиле. Токму затоа, важно е младата мајка да консумира овесни кажи, посебно рано наутро.


6. Лосос

Поради своите нутритивни вредности оваа риба е една од најценетите производи и се препорачува на сите, а посебно на младите мајки. Лососот е преполн со омега-3 киселини, протеини и витамин Б12.


7. Спанаќ

Овој зеленчук е богат со фолна киселина. Тој е особено важен за мајките кои имале царски рез, бидејќи го подига нивото на колаген во крвта и игра главна улога во закрепнувањето на р’скавицата и коските.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
Предности и недостатоци на раѓање дете по 35-тата година, според мајки „Го родив син ми на 42 години и не жалам за ништо. Бев посамоуверена и ми беше м...
Тренди или проблематично: Детски соби, играчки и облека за деца во неутрални бои Многу мајки се согласуваат дека овој тренд е досаден, па дури и опасен, зашто се...
„Шампонот за суво миење е најдобар пријател“: 10 работи кои никој не ѝ ги кажува на новопечената биз... „Ручекот со пријателките е луксуз, а не секојдневие“, „Озборувањето на кафе, ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg