Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Децата од повозрасни мајки се поуспешни во животот

Меѓународно истражување покажува дека повозрасните мајки раѓаат поздрави и поуспешни деца од оние кои ги родиле пред да наполнат 19 години.

decata-na-povozrasnite-majki-se-pouspeshni-vo-zivotot-01.jpg

Општо познато е дека кај мајките кои се тинејџерки или пак постари од 35 години постои зголемен ризик од предвремено пораѓање или проблеми со здравјето.

Меѓу другото ова истражување додава и дека забавено се развиваат и поголема е веројатноста дека нема да завршат средно училиште.

Каролин Фол, научник од Универзитетот во Саутхемптон, истражува какво влијание има староста на мајките при пораѓањето на развојот на децата.

Истражувањето направено е на 19.403 деца во пет земји со различен приход: Бразил, Гватемала, Индија, Филипини и Јужноафричка Република.

Податоците за датумот на раѓање на мајките и развојот на децата за секоја земја, собирани се во период од 1969 до 1989 година.

Мајките во просек се стари околу 26 години. Жените во Бразил се најмлади 25,8 години, а во Гватемала најстари со 27,2 години.

Децата на оние мајки кои имале до 19 години имале за 20% до 30% поголем ризик да се родат прерано и 30% до 40% да имаат застој во развојот и потешкотии да завршат средно училиште.

Во истражувањето биле вклучени и други фактори кои би можеле да влијаат на бавниот развој како: образованието на мајките, социјалниот статус и друго.

Сепак, предноста останала за повозрасните мајки.

Она што му  недостасува на истражувањето се податоци за: „генетските фактори, исхранувањето на мајките за време на доењето и пушачките навики“ - , потенцира Каролин.

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg