Во петок нема домашни, а валканите патики се соблекуваат пред влез - Вака изгледа едно обично училиште во Словенија
Во Словенија децата тргнуваат на училиште на 6 години, а во поголемите села речиси секоја година има по 60 првачиња. Посебно важно е што секое село има свое основно училиште кое не е подалеку од 1-2 километри.
Ако ова е за секоја пофалба, тогаш само продолжете да читате. Еве како функционира едно државно училиште кое се наоѓа во село кое брои околу 3.000 жители:
- Во училиште се оди само наутро. Поточно, наставата почнува во 8:20 часот.
- Пред училиштето има обележан паркинг со знак „Најмногу 10 минути задржување“ кој беспрекорно се почитува.
- Автобуската за градскиот автобус исто така е пред главниот влез на школото.
- Од сите правци од кои доаѓаат дечиња има специјално обележана велосипедска патека и прооден тротоар. Пред училиштето има посебно заграден простор за оставање на велосипедите, ролерите, тротинетите.
- Училниците за првачињата се секогаш на приземје, а на горните катови се повисоките одделенија.
- Училиштето има 2 ката и современ лифт.
- Учениците по влегување во училиштето облекуваат балетанки или папучи. Патиките не се дозволени.
- Децата не мораат да носат книги. Своите учебници и опреми за физичко, ликовно може да ги остават во училиштето.
- Сите учебници и останатиот наставен материјал го има во електронско издание. Наставниците предаваат преку компјутери поврзани со интерактивна табла како монитор.
- Во петок на учениците не им се даваат домашни задачи.
- Во училиштето и во околината нема никакви маркети, автомати за грицки и сокови, ниту сендвичари за брза храна.
- Сите оброци се подготвуваат во школската кујна и се исклучиво од домашни производители со висок квалитет.
- Училиштето има свој мед. Во близина на училиштето има пчеларник.
- Цената на ручекот е 2,15 евра, а на ужината 0,8 евра. На крајот од месецот родителот добива сметка со уплатница за трошоците кое детето ги направило. Се наплаќаат само оброците кое детето ги изело.
- Учениците имаат задолжителен стоматолошки преглед и превентивно им се чистат забите како дополнителна заштита од кариес. Ординацијата се наоѓа во училиштето.
- Училиштето има програма за изучување на пливање, скијање, лизгање, велосипедизам, планинарење...
- Тоалетите за момчиња и девојчиња се посебни и неверојатно уредни.
- Кантите за отпадоци се обележани само за одреден вид отпадоци - хартија, пластика, стакло... Старите обувки и облека се става во посебни контејнери на кои пишува Текстилко.
- Сите известувања за работата на училиштето се наоѓаат на интернет страната која училиштето беспрекорно ја одржува.
- Секој родител по запишувањето на детето добива корисничко име и пасворд со кој се приклучува на страната на училиштето. Така може во секој момент да ги прегледа оцените, отсуствувањата, пофалбите, критиките, распоредот на часови, измената во наставата, известувањата за натпревари, излети, екскурзии...
- За секоја оцена и отсуство родителот дополнително се информира по СМС порака.
- Преку интернет страната секој родител може да комуницира со наставниците, учителките, директорот, да им постави прашање или да го оправда изостанокот.
- За отсуство на детето прифатливо е оправдување од родителот само во следните 5 дена.
- Училишниот двор има тревна површина, терен за кошарка и мал фудбал, игралиште, клупи, чешми, канти за отпадоци...