Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Знаејќи дека ќе почине, мајка ги напишала најубавите животни совети за своите деца

Во животот се среќаваме со тешки моменти кога ги губиме најдрагите. Тоа се моменти кои не можеме да ги спречиме или избегнеме, но најважно е како ќе се справиме.

znaejki-deka-ke-pocine-majka-gi-napisala-najubavite-zivotni-soveti-za-svoite-deca-01

Важно е да го зачуваме најубавото и највредното од тие луѓе. Мисли кои ќе ни останат како животни пораки и насоки кои ќе нè водат и ќе нè потсетуваат на најважните нешта  кои не смееме да ги заборавиме.

Една 44-годишна мајка на 4 деца која починала од рак, во најтешките моменти на болка и страдање успеала да собере сила и да напише неколку пораки кои ќе им ги остави како најголемо богатство на своите деца:

- Сè што правиме во животот се враќа, без исклучок.

- Сите ние ја создаваме својата среќа и не смееме да дозволиме тоа да го прават другите наместо нас.

- Сè што се случило во минатото нема моќ над нас, освен ако тоа не го дозволиме ние.

- Кога луѓето ќе ви покажат какви се навистина, верувајте му на тој впечаток.

- Грижата само ни ја одзема енергијата, искористете ја за да ја канализирате во нешто корисно, помалку ќе се грижите.

- Она во што веруваме е посилно од она што го сакаме. Секогаш ќе го постигнеме она во кое веруваме.

- Бидете благодарни за она што го имате во животот.

- Среќата која ја чувствуваме е правопропорционална на љубовта која ја даваме.

- Ако сте наишле на неуспех, тоа нека ви биде мотив за да не се откажете. Тргнете во друг правец.

- Верувајте ѝ на интуицијата. Ретко изневерува.

pred-da-pocine-majkata-im-gi-ostavila-najvaznite-zivotni-nasoki-na-decata-1.jpg

- Сакајте се себе и учете од животот, a таа љубов поделете ја и со другите.

- Во сè што правите нека ве води страста.

- Љубовта не боли, колку повеќе ја има толку чувството е подобро.

- Секој нов ден е прилика за нов почеток.

- Сомнежот е сигнал за „не“. Ако се сомневате, бидете внимателни и добро размислете.

- И лошите моменти во животот се составен дел од него. Не заборавајте, тие не траат вечно, бидете трпеливи.

- Кога ви е најтешко, мислете на тоа дека ќе помине. Ништо лошо не трае вечно.

- Бидете си верни сами на себе.

- Кога не знаете како понатаму, чекајте трпеливо.

- Во животот на некои прашања не пронаоѓаме одговор.

- Решението доаѓа тогаш кога најмалку се надеваме и кога најмалку очекуваме.

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg