Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Супер татко: Секој ден различна фризура за ќеркичката (фото)

Грег Викерст откако се разделил од сопругата, најмногу време поминувал со својата ќерка. Но, не можел ни да претпостави која ќе му биде најголемата мака како самохран родител, татко.

super-tatko-sekoj-den-razlicna-frizura-za-kerkickata-foto-01

Одамна бил ќелав, па кога почнала да ѝ расте косата на неговата ќерка Изи, тој не знаел ниту како да ѝ ја собере во опавче, а не пак нешто друго.

Сепак, љубовта кон неа и целта да успее во тоа, го натерала да побара и стручна помош, на колеџот каде што работел и во кој постоел оддел за козметологија.

Со помош на студентите и обучувачите, чекор по чекор успеал да научи како се прави сето тоа.

Откако видел како изгледа и која е техниката, постепено, сега не само што ѝ ја врзува во опавче, туку ѝ прави најразлични фризури, од плетенки до пунџи, украсени со машнички.

Речиси е неверојатно како од некој што не знае да врзе ни едно ластиче, наеднаш се претворил во личен стилист на неговата тригодишна ќерка.

Откако почнал да ги објавува фотографиите со фризурите на малата Изи на интернет, почнал да добива многу совети од други родители, мајки и татковци, а некои дури побарале да им направи некоја од фризурите и на нивните ќерки.

Погледнете дел од неговите успешни фризури:

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg