Најчести предрасуди поврзани со бременоста
Ништо во животот не предизвикува толкаво внимание како бременоста. Од мигот кога жената ќе ја објави среќната вест, сите и даваат разни совети, народни мудрости и теории за детето.
Од обликот на стомакот, па сѐ до утринските мачнини, сите имаат што да кажат.
Затоа е најдобро самите да прочитате и однапред да ги дознаете најголемите заблуди и предрасуди за бременоста:
1. Обликот на стомакот не го открива полот на детето, но открива нешто друго
Отсекогаш се верувало дека обликот на стомакот во бременоста открива сѐ - ако жената го носи високо ќе роди син, а ако е стомакот спуштен, тоа значи дека ќе има девојче. Време е да ја дознаете вистината.
Обликот на стомакот не го открива полот, но вашите гради да. Жените кои носат девојчиња во бременоста градите им растат повеќе, отколку на оние кои носат машки деца. Во просек, жените кои носат девојчиња градите им се зголемуваат за 8 сантиметри, а кај оние со машки деца градите им се зголемуваат во просек за 6,3 сантиметри.
2. Да, утринските мачнини се добар знак
Еден од најголемите парадокси е дека лошата и брзата храна им одговара на трудните жени, а здравата храна им предизвикува мачнини. Нашиот организам може да се одбрани од паразитите и бактериите, бидејќи има развиен имунолошки систем, а бебето во стомакот не може. Најдобриот начин за фетусот да се одбрани е низ мачнините, повраќањето и одбивноста кон одредени мириси и вкусови.
3. Детето обожава солено
Општо е познато дека вкусовите кај детето се развиваат уште во стомакот. Но, тоа нема врска со она што мајката го консумира, туку со тоа што го губи. Мајките кои доста повраќале во бременоста, повеќе раѓале деца кои сакаат солено. Зошто е тоа така? На тој начин, тие ги губеле минералите и течностите, што влијаело врз бебето, кое после раѓањето имало потреба да го надокнади изгубеното.
4. Мажите кои имаат браќа ќе имаат синови
Сигурно знаете некое семејство кое има само машки потомци. Мислите дека е случајност? Изгледа дека не е. Наводно, постои ген кој го носи таткото и истиот го одредува полот на детето.
5. Зошто болките почнуваат навечер?
Многу истражувања покажале дека трудничките болки кај повеќето жени започнуваат измеѓу полноќ и 4 часот наутро. Во текот на ноќните часови, хормоните кои најмногу работат се естриол и окситоцин, а токму тие ги предизвикуваат контракциите на матката. Тогаш жените се најмирни и најопуштени.
6. Поминете 1 час после раѓањето со бебето
Многу истражувања покажале дека токму првиот час после раѓањето е најважен за роденото бебе. Мајките треба да бидат со него, да го поврзат емотивно и да го отстранат стравот од новото, а тој фактор е важен и за здравјето на детето.
7. Трудниците кои сакаат чоколадо имаат мирни и помалку фрустрирани деца
Многу истражувања покажале дека токму чоколадото може да делува позитивно и на бебето. Жените кои секојдневно консумирале чоколадо родиле помирни и помалку фрустрирани деца. Клучот е во хормонот на среќата, кои се ослободува со помош на чоколадата.
8. Дали машките деца се мамини синови?
Точно е дека машкото дете ќе биде повеќе генетски поврзано со мајката, отколку со таткото. Синовите наследуваат повеќе генови од мајката, додека пак кај девојчињата има рамнотежа помеѓу родителските генови.
9. Да, очите на бебињата менуваат боја
Многу бебиња се раѓаат со сина боја на очи, но после некое време бојата се менува. Причината се крие во нивото на меланин, пигмент во окото, кој со текот на раѓањето е многу низок.
10. Говорот делува како терапијата и галењето е дел од развојот
Во првата година од животот на бебето, разговорот помеѓу него и мајката е навистина важен. Со таквиот звук, децата побрзо го усвојуваат речникот и гласовите.
11. Не болеше
Еден од најголемите апсурди за самиот пораѓај е кога мајките тврдат дека не болело, но тоа не важи за сите. Ако мајката имала позитивно искуство на пораѓањето, веројатно и брзо ја заборава болката која ја преживеала, што не е случај со жените кои се изнамачиле.
12. Зошто секој мисли дека неговото дете е совршено?
Најдобрата награда за мајката е насмеаното лице на нејзиното дете. Истражувањата покажале дека мајките не ги гледаат мааните на своите деца и недостатоците, бидејќи тој дел од мозокот поврзан со социјалните ставови, негативните емоции и критиките е целосно исклучен кога е во прашање нивното бебе.